се (зам.) - корне (гл.)

Ѝ се предадов на стихијата да го запишувам или поточно - само да го запишувам она кое се корнеше од мене во околности (се срамувам од зборот што ќе го употребам) - на неподносливи страдања, на стравотни болки во коските.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Пред шест дена тие тргнаа во напад бодри, сигурни, најадени и напиени и додека не стигнаа на дофат на куршумот, се корнеа од смеа, раскажувајќи си шеги на сметка на грчките бандити и славомакедонските комунистички банди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гласот му беше придушен, слоговите со мака се корнеа од грлото: „Ти продолжуваш самиот себе да се исклучуваш од оваа средина. Го знаеш ли тоа:“ „Знам само дека се вклучувам во самиот себе“ , рече Отец Симеон. „Јас не сум акт за канцелариски фијоки.“ „Ќе бидеш избришан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ми доаѓа однадвор, а како да се корне од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Силјан ги слушал тие зборови од жената си и срцето му се корнеше, од жал што му идеше; арно ама канонот, што бил даден треќата вечер, требало да го трга.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Продолживме да копаме. Влажната земја тешко се корнеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вистина е оти јас на домаќинот мој рожба не му родив и знам како му се кинеше срцето нему и како ми се корнеше лозинката мене.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Не се корне лесно солза мајкина. Таа има свои длабоки корени во душата”, велеше Мајка во најтажните мигови на животот, кога губеше рожба, дел од своето семејство на двете страни од границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ми се корне кожата и како одронат малтер ми паѓа во постелата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)