се (зам.) - колне (гл.)

Ќе ги браниме, ако затреба, со нашите животи, им се колневме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Гладен, со своето семејство, со својата службеничка плата, со која тешко ги врзуваше двата краја на месецот, татко ми се обидуваше, со сета дотогашна ука, со сите источни и запад­ни книги од својата библиотека, да ја разбере новата вера во која се колнеа луѓето – социјализмот, комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Се колнеме! - свикавме со кренати раце.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се колнам во ѕвездите кои веќе отпатуваа некаде дека копнеев мојата душа да ме придружува на сите кораби и галии и по сите мориња по кои пловев, но, дури сега сфатив дека мојата душа се пресоздала во сенка, а сенката веќе ја - нема.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„Велиш, четири месеци?“ го прашав со недоверба. „Да не си претерал - четири месеци?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Интересно: модринката се искачуваше колку што нокотот растеше. Најнакрај имав сосем нов нокот.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Жими мајка...“ „За еден нокот не се колни во мајка“, му реков.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се колнеа Гегите, колено чисто на тие Пелазги славни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тупаници стиснаа силно; пред мртвиот вака клетва изрекоа една: - „Се колнам јас, јунаку, никогаш мајката твоја да не ја нажали Гега.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се колнеше себеси што даде согласност да ја огрубат Руса, го колнеше Јанчета кој, велеше, Помалку и поплитко можеше да засече во лицето на Руса, ги колнеше Дамческите што не дадоа помош, го колнеше Арслан бега и сите Турци, го колнеше сиот божји свет, христијански и турски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Ами ако е така, синко, тогаш молете ги Болгарите. И тие се колнат во Кирила и Методија...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Веќе го снема стројот, строевиот чекор, долгото трчање по макадамот покрај морето и трчањето пругоре сѐ до кралската палата, немаше марширање и со песна, на морнарите не им ја земавме лединката, и под разгранетата врба не стоевме во строј и не се колневме во генералот Маркос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ми се колнеше дека лично го украл од англиските складови.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Те молам! Само да не се колнеш во љубовта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Патрокле се колне во светците и господа - пари повеќе нема и попусто е тоа мачење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како не ми се фрли пришт на устава, си велам, се колнам, оти така му реков пред малку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Не сум виновен, се колнам. Онисифор Мечкојад ми скрши ребро.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сум се вртел, не сум запалил. Куќата на зет ми Доце не пламнала сама од себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По толку години, секако предолго време и за најсвет живот, кираџиите и дрварите се колнеле во очите и во децата дека ги сретнале во дождливите есенски наквечерини, тројца, костур зад костур со долга брада, нечудни очајници и голтари до кожа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се колнам не е дубара, свет човеку: така беше. Ако ти е жал за мене земи копач откопај ме ... (Народна.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Јас ќе го внесам него малку подлабоко в земја, рекол свечено како да се колне пред лик на светец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ќе те обесат, абдалиште. Кажи дека не си виновен, дека Онисифор Мечкојад сака да се извлече со тебе.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тројцата останале во сеќавањето на луѓето и во ноќните прикаски како набожни проказници од нова балканска Библија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој сонува да ме внесе во својата куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил фанариот, се колнел, не веќе распоп ами побратим или брат на светиот Гаврил Лесновски, дека во манастирот пеел на јазик на кој го научил да пее калуѓерот што го нашол по борбите со аскерот на пашата Лобуд, како што го научил да копа и да јаде половина од она што можел да изеде негов врсник, парче поскура, неколку маслинки и капка вино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бегајте, инаку, се колнам, ќе заигра ластегаркава. Ќе ве јактисам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Нека ни е со среќа, побратими, братучеди и браќа. По манастирите се колнеме, овде се крадеме. Ашколсун, навистина.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трогнатиот отец Панделиј, последниот жив јунак од битките во Негуш, од ракијата дури малку и се сцрвел во лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(Потоа дружината, домаќинот и возбудените луѓе се договориле, едни со оган да ги потераат коњите на Турците в пропаст за да не се вратат во кулите, бездруго кратовски, нивните јавачи да ги закопаат длабоко, ни дивина ни пци да не можат да ги откопаат, а оружјето да се сокрие така што за него ќе можат да знаат само двајца - челникот Онисифор Проказник и молчаливиот Чучук-Андреј.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Челото му беше покриено со измрсена и леплива коса, по лицето му се спуштаа линии на брчки и пот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секако ѝ било смешно или одвратно да се огледува во голите полжави за кои акробатот се колнел дека се очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Богоевци се колнат, господа за сведок го викаат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Примерен, благороден татко, се колнам, би можело да се рече дека тој не беше толку штура природа, така скроена од своето раѓање.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, смртно ме исплаши таа глувост. Водата веќе беше влезена во мене, се колнам, таа беше голема, најголема.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тогаш беше можно сѐ, се колнам, сѐ можеше да се издржи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но јас веќе гледам како се растураат замрзнатите строеви, колони неслободни луѓе под една команда, под еден ред, под едно ѕвоно, слушајте, таа иде, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
О, ти луѓишта, хигиенисти! Се колнам, сите извештаи од ред беа со иста содржина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, тој ги победи мувите. По смртта на ѕвонарот, домот повторно потона во онаа позната глувост.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, видов како душмански го погледна во тој миг, да можеше со вилата ќе го избодеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во тој пекол најпосле го видов сиот наш несреќен живот, војната, темните војски, познатите и непознатите мртви по полињата, по патиштата, по војничките камиони, покриени со шаторско крило, мислевме дека спијат, будали дечишта што крадевме бомби по војничките камиони; потоа пред очи ти е домот, тажната смрт на ѕвонарот, добрата мајка Верна Јаковлеска, стрикото Лентеноски, неколкуте ошумоглавени бегалци, татенцето, неговата црна судбина, другарката Оливера Срезоска, старо, несреќно девојче, нашите кутри учители и воспитувачи, Трифун Трифуноски, неговата болна, темна душа, благородна, светла, о, се колнам, тоа беше патот што водеше кон Сентерлевиот рид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Луѓе мои, се колнам, тоа беше мајка, вистинска мајка, видовме како рацете на татенцето попуштија, се занишаа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Најпрвин како ништо, се колнам, нѐ тераа да ја раскажеме биографијата на Јосиф Висарионович Сталин.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа беше негов стар занает, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, за цело време тој не го слушаше говорот, аплаузите и сите Други брливи работи што го заслепуваат човека, со жедни очи гледаше само во нас, во секое дете.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа беше сето воспитание, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, и денес некого го тријат рацете.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потоа видов колку многу тој патуваше, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, ни ги запали срцата. Пееше: - Ој, фашисти, проклетисти! Тоа беше врв!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, го криеше сето неспокојство на оние што пред тоа биле тука затворени.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, таа плаче. Се колнам, видов, видов!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, талентот. Ужасна работа беше ти бил талентот, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нејзиниот млад живот беше на конец, се исплаши и татенцето, се колнам, со најнежен глас ја храбреше, ја будеше. Ѝ дувкаше во лицето, мило ѝ говореше: - Другарке Оливера Срезоска, - со толку милозлив и добродушен глас ја довикуваше, - крени глава душичке, шепнеше, не жалости го општото дело, не умирај, не умирај, мила другарке, не попуштај во цветот и летото на твојата младост, не жалости го општото дело, како секојпат прибери сила, стани смело, - проклет да бидам, пропеа татенцето, се отвори, просто како поет говореше, низ песна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, нејзе ѕидот не ѝ можеше ништо, таа шумеше, слушавме, доаѓаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
О, тој златен бран! Се колнам, тоа беше гласот на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам занемевме сите кога од своето место, на предната клупа, како изгорен со револвер в рака скокна татенцето, кога како најлудо птичиште крикна: - Проклето фашистичко куче, нема да бесиш, - го напери полниот револвер право во несреќното момче Методија Гришкоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сепак вујко ми Иле, добриот вујко Иле, кога тргнав, на разделба, кога му подадов рака за да се поздравиме, се колнам, ја остави вилата, го вадеше гнојот од шталата, си ги позабриша рацете од колената и пазувите, ме прегрна толку силно што чинев сите коски ќе ми испукаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Каков можеше да биде тој? едно беше познато, се колнам, секој што ќе посегнеше врз него потоа како да ја губеше моќта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, и дрвјата и птиците што слетале на нивните гранки се запределиле, златни пајажинести мрежи се веат по површината. Некои чудесни гнезда, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, болките го напуштија ѕвонарот, му помина болот, оздраве.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Ами некаков иљач да му се даде? - рече татенцето, се колнам, токму така рече, иљач.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, тој беше дете и покрај тоа што знаеше сѐ и покрај тоа што можеше ѓаволски да измислува, и покрај тоа што можеше да се однесува како голем човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во тој поглед ѕвонарот беше господ. Се колнам, господ.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мил боже, нѐ пречека со мајчински очи, со светол и благ поглед. Во мигот занемев, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Не, не, биди си без грижа, малечок - рече пресреќен, како повторно роден, видов, во очите му беше целото видело од небото, нешто силно, големо имаше во себе, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Татенцето така мајсторски ќе ја извезеше сета работа, се колнам, потоа и самиот ѓавол беше втеран в шише.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, на сите сектори лагата цутеше како пиреј. Се колнам, стоотстотна лага.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам беше сѐ забележано, од првиот ден, од часот кога ги растоваравме дрвјата, нашиот разговор, капутчето, распараниот астар на капутчето, пазувата каде што го криел дрвцето, местото каде што работел, местото каде што ги закопувал делканиците, делканиците како факт, ножето со кое копал по дрвото, сѐ, сѐ имаше во тој реферат, семожни глупости.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За среќа Метеорот тој час се покажа многу присебен и храбар, нека им е лесна земјата на тие чудни, незабележани херои, згазени човечиња, секогаш настрана, фрлени, - се колнам, среде огнот се исправи и го зграпчи во своите прегратки Методија Гришкоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
После затрудне сестра му од некој коњички поднаредник а тој во богословијата ја остреше својата кама и се колнеше дека ќе го убие тој човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Тој се колнеше дека мајка му е гулабица, а кога го сплеткавме пцуеше исто како овој.“ „Но тој проповедаше дека Господ ќе ги претвори сите луѓе во нешто - смешно, не можам да се сетам сега.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сепак нешто станало кога веќе се решил да нѐ разбуди.“ И пак тој трепереше сеќавајќи се на зракот и на `рзнувањето и брзо се крстеше како да симува пајажеста павлака од челото: „Јас чув. Ви се колнам, јасно чув.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Девојките, оние што пред тоа се колнеа со машка горчливост дека на Кукулино ќе му ги свртат русите плетенки и ќе отидат далеку, во Германија и во Шведска, како слугинки или болничарки, ги поткренаа градите и се стегнаа: старите погодуваа дека тие ноќе ги сонуваат тешките раце на вдовецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И тогаш стравот се колне во мене и проколнува, стравот кој се беше изгубил во ехото на далгите кои испливуваа пред нас.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Биеше право во неа и таа светеше, беше онака, пред мене, до самите мои колена. Не мислев отпрвин ништо, се колнам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Жими десното око ако сакам од вас да печалам, — им се колне Петруш, а на свадбарите не им текнува да го погледнат десното око на Петруша и да видат дека тоа е шлупка ореова — истечено уште пред петнаесет години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јашмакот се колнеше во чеканот и калапите што го хранат; Милан куманџијата — во дувалото што го дува огнот за да се стопи среброто со кое ги посребрува павтите и скопците; Рампо чешларот — во биволските рогови од кои ги прави чешлите; Желче — во сите свои деца, макар да ја немаше уште видено мајка им; Даме кожуварот — во сите јагниња и брави, од чии кожи ги правеше кожувите, а Мамуд ковачот — во чеканот и наковалната, на кои ги шерпаше клинците и плочите за свадбарските коњи и магариња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој побара три цени, та овие веќе му дадоа една и пол, но Петруш и понатака се колне во денешна света Петка, утрешна света сабота, други денешна света недела и сите годишни светци, си ја пцуе по десетти или стоти пат мајката оти не сака од нив да печали, и исчепкува уште една четвртинка од вредноста, убедувајќи ги своите пријатели дека им ја дава стоката „под зијан, само и само да не ги пушти на друго место, да им услужи, и да не речат прилепчани оти на Петруша му избегале муштериите и отишле на готов пазар кај комшијата Плашета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А за работна – веќе сите се колнеа во Сирмевите деца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ние сѐ уште се колневме во Тито и во Сталин макар што насекаде ечеше дека меѓу нив е готово.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Исхак и Аја сме ние, тие она што не сме крајот уличарски се нуди човекот во туѓи мени губи ти се колнам, Време: си било едно нешто за многу века во сомнежот се заљубила река. Кога ни ти дојде, ни јас те чекав...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Марија, ќе убијам, говорев ноќе по твоето бегство, се колнев пред онаа киклопска глава повикувајќи ја како сведок дека ќе си достојам на зборот, дека еднаш ќе замавнам со нож на некого и дека со бел отров во очите, како оној во детството, само со очните белки, ќе испитувам дали крвта личи на сок од малини или е грев на мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се колнам себеси и малку ми е: ја барам најлошата клетва.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Добро, тогаш колете ме, им велам и им се колнам, во едното дете им се колнам, дека ќе молчам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стоп, стоп! – подвика Дедо Мраз кога предните нозе на елените, понесени од залетот, се качија дури по главата на човекот па додаде – Не, не, до колку мислите да ме ожените, Ви се колнам, нема да се согласам оти мојот збор не паѓа во вода, ме разбравте ли?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
МАТЕЈ: Кога се колнам во неа немој ништо да ми веруваш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Скрсти нозе Марко, се навали на перниците: „О, мој вели пашо! Се колнам!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не само што се обогатив тргувајќи низ оваа земја, туку јас, се колнам во очите, и ја засакав како ниедна друга.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Не знам ништо за тоа. Се колнам, вели пашо.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)