се (зам.) - клади (гл.)

П.С. Заеби фудбал и спортска лутрија. Почни да се кладиш на животот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со други зборови, се кладам дека Патнам (REF) го сметал системот за управување со абакусот како целина (без оглед дали движењата диригирани од правила ги прави човек или машина како дел од системот) - или ако не, тој требало да го смета.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Глупост. Се кладам во што сакаш дека во истражувачкиот тим на „Хосака” се случува некаква борба за власт.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Копај повнатре, море Јован“, рече друг, „околу наоколу, околу наоколу, повнатре, зашто подоцна ќе се стесни“. „Ќе излезе на осум метри. Да се кладиме!“ „На дванаесет до тринаесет“, рече друг.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Едо Бранов!... Се кладам дека тоа име го знам...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се кладам дека сум те гледал во Снежана и седумте џуџиња! (На Грета ѝ набабрува жилата на челото) А како ви се допаѓа мојава пицерија?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дики, мислам дека ме излажа она за филмот!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не си подложен на страсти. Да се кладиме. НОВЕ: Во што?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ж: Да признаам, малку ми е чудно што мислите така...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Генијален штос! Се кладам дека сте биле барем малку разочарани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)