Освен што е вџашувачки неписмен и преполн со коректорски грешки, текстот изобилува со речиси поттикнувачки небулози и дисоцираност, со што се квалификува, меѓу другото, и за забавно четиво (да цитираме пар „антологиски бисери“: „изнедрени од сопствените пазуви“; „судбинска неотуѓивост на право за мирно и макроко-смичко диспанзивна субвенција“; „апогејно-високодострелна нивелација“; „историјата е небеневолетна /веројатно „небеневолентна“, наша заб./ и согласна за слични примати историски отспаки /веројатно „отстапки“, н.з., но небулозноста, сеедно, фура/; „дрво кое со тек на времето прераснува во еднотелесна интегрална шума од бројни коридорни стебла“ итн.).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
1. Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 21.III.2011, во Скопје. Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд – Скопје II е: VI П.бр. 1882/08; а бројот пред Апелациониот суд – Скопје не успеавме да го дознаеме и покрај неколкуте обиди од наша страна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2. Телесната повреда се квалификува како „тешка“ ако некому тешко му е нарушено здравјето и поради тоа ќе биде доведен во опасност животот на повредениот; или ќе му биде уништен или трајно и во значителна мера ослабен некој важен дел од телото или 202 некој важен орган; или ќе биде предизвикана трајна неспособност за работа воопшто или за работата за која е оспособен; или трајно и тешко ќе му биде нарушено неговото здравје или ќе биде нагрден (в. чл. 131, ст.3sq од КЗ). 3. Поради тоа што оваа машина работи под напон [на електричен погон] и под висок притисок има правен третман на „опасна ствар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во случајот со геј- субјективитетот, овој рефлекс на откажување се пројавува во поинаков облик: единствениот вид субјективитет што се квалификува за „сериозна“ лезбејска и геј- анализа е оној што може безбедно да се теоретизира во регистарот на психоаналитичката апстракција.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Даниелс бргу се утврдил пеејќи оперски улоги првобитно компонирани за високите, моќни гласови на кастратите од седумнаесеттиот и од осумнаесеттиот век (пејачи кои во детството биле кастрирани за да го задржат сопранскиот гласовен опсег и за да се квалификуваат за доживотна кариера како исполнители во еднополови црковни хорови.) Во текот на изминативе сто и педесет години, сѐ до многу неодамна, таквите улоги секогаш ги пееја жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)