се (зам.) - капе (гл.)

Го приклучувам на компјутерот и кога ќе видам: голо бебешко газе, едно слатко мало буце со шеширче за сонце, како се капе во мало гумено базенче и кога ми светна ... половина час не можев да престанам да се смеам ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ноќе, или во првите ноќни часови, сиот „Пигал“ се капе во шаренило од светла и тогаш овде најмногу се згустнува од луѓе, од љубопитни шетачи и гости на Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Децата шашардисано да се капат во пена на ноќните забави и да гледат да свртат нешто на брзина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Анатема
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас, Aehmenia, од Битола, се капам во свети реки, се молам во свети храмови, цел живот излегувам од едно и влегувам во друго ходочастие, штрпкам по некое стракче по камењарите - и тоа е сѐ.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас, Кабида, се капам во света река, се молам во свети храмови, се враќам од ходочастие и тргнувам на друго, како пиле штрпкам изгорени стракчиња по камењарите и наместо да се пресоздадам во сенка на боговите.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Баш кога ќе го почувствувате мирисот на лаванда под мишките на стјуардесата и пред да сркнете од црниот поцрн не може да биде руски чај, среде Сијаните тресулајќи се капат во студените езера, луѓе влегуваат тресулајќи излегуваат, тие и во сонот се тресат, и на секоја арка пуштена низ Енисеј се тресат, за истресени да стасаат до Артикот и отаде Артикот, истресени луѓе, истресени мандала, истресени џепови, истресени сни, колку истресени, трипати повеќе со студена магла покриени, оти личотата на Сијаните не била за распродажба на туѓинци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Не ја чувствуваше потта во која се капеше неговото тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А потоа, без да седне, ги рашири рацете во исто толку широка насмевка и викна да го слушнат и под балконот: - Ајдете, соберете се да слеземе на плажа, па да се капеме додека папсаме.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се скаменил гласот на девојките со боски в раце Што се капеа во реката.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Палавиот зрачок се капеше. Од неговата светлина бистрата водичка се преливаше како растопено злато.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Смирување на денот. Сонце веќе нема, багремот се капе во последната светлост, пурпурен залез здивот го зема над планините над Мургаш додека чекам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Во ова невреме ноќва, зората испраќа порака, скржавец чекори во денот, мислата умира Тони нагонот во бездна, ѕвездите солзи ронат Во сончевината на утрото, бакнежи од зракот на сонцето Солзата се капе во сопственото езеро Во ритмот на срцето, немирот болка ткае
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
По тоа колку се распознаваа стапалките Змејко сега лесно можеше да погоди дека самјакот беше поминат тука неодамна, најмногу пред два часа, додека се зазорувало и додека се ронеле ретките снежинки; тоа можеше да се види добро во оној лесен слој наврнат снег во стапалките, и по сета изоставена ира од обете страни по снегот, поминувајќи по кој оној таму веднаш и се капел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега дивокозите го пречекуваа денот. Една цела нивна поворка, една поворка можеби од единствените животинки од оваа земја, што така грижествено и заеднички му се потчинуваат на тој ритуал на огрејсонцето, се капеа во неговата руменина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Четири сини очи се капеа едни во други.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Арсо се капе во врела пот. Длетото лудува и руши и земјата се сурива под колената, градите, брадата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Невесто, потивко пуштај ја чешмата дека со септичка јама сме, бргу се полни, а камионот (гомнарка) не може да се симне до кај нас, ах, мака мачиме со водата, а и ти при толкаво езеро, в купатило се капиш!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се капиме заедно со лиотите. Се прскаме, претаме, ко калуѓерици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И се рече да се капиме во Црна Река, да се позачистиме од земја, од смрдеа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои војници се капат оголголи, а некои во долги гаќи и водата им ги надува гаќите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Селанки голи се капеа во реката, брзо езерце со песочно дно, смеејќи се со крици и покажувајќи си ги телата една на друга облечени во бледило од кое никнуваат поцрнети глави, раце и листови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од нервоза му трепереше лајцата во раката и често се капеше по алиштата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од Ѓурѓовден до Водици се капев в река.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го зедов и реков – ќе го фрлам, мислев да го исфрлам во едно мочуриште каде што се капеа биволите на чичко Наум.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не оди мојата анама ни во Кизлар-амамот кај Јаја-пашината џамија, каде што се капат само моми и жени, ниту во Шеки-амамот што е во заветрина, а како што знаеш, дури во бојаџиската чаршија. Сака во Чифте-амамот и толку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се капевме и уживавме во топлата и тиркизна вода.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сонцето на пладне доаѓа да го надојам ноќта во мојата блажина се капе.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Холивуд - сончевата Калифорнија се капе во светлина од рефлектори.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Учителот Стамен заедно со болничарите што беа дојдени од градот, во училиштето гаснеа вар во буриња, и кога ќе остинеше варта ги тераа децата да се капат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Еднаш, пред еден месец, не сакаше да се капе во училишната бања; ги стисна рацете на ушите и главата, врескајќи дека водата не смее да ѝ ја допре главата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Што би правеле ние кога би нѐ оставиле сами? Би се капеле... Добро.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На пример, можеше да се капе, но само во присуство на раководителот. И тоа ми било нешто – само во плиткото!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но, би се капеле цел ден, А многу деца не знаат да пливаат... Е, тука би можеле да настапат непријатности. Гледаш ли?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
За прв пат откако дојде во бригадата, Мече усети колку е убаво тука наутро кога првите зраци на сонцето ќе паднат над разбудениот младински логор, што се капеше во утринската светлина и веселост.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сите мои другари ќе доаѓаат тука да се капат. Што пара ќе собереме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Плоштадот се капе во светлина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се капеш, а од ѕидовите ти се смеат синолички и боливач, обросени од пареата. Сѐ цвеќе до цвеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само во висината, во сончевината две бели птици се капат.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)