А за нив? Ако се кандиса, колку и да е далдисан во своето сликање, таа ќе му помогне да приправат барем едно ќоше од неговата шупа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Аха!“ — си рече. — „Значи се кандисал коа сака нека биде, само да се врата. Убаво, убаво.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Нема назад, чичко, нема. Не двоуми се. Јас те праша и ти се кандиса.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете затоа јас се кандисав да се потурчам; да не го тргам тој воловски живот; ама еве овдека пак паднав на полош, пчошки, што ми го откри ти сега.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И Бино се кандиса и од даскал со три лири стана г. претседник општине со пет франги на месец.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога ќе му дојдеа пријатели дома, ќе им речеше ѓаволесто: „Денеска не мислев да пијам баш - но ќе се кандисам за атерот ваш...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)