Но макар од тоа понекогаш да го печеше во градите, сето за него беше само една созерцателна игра, во која впечатокот се исцрпува целиот сам себеси и не остава видна трага.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Додаваме дека Добрица Ќосиќ во извесна смисла е голем српски писател, можеби и татко на „националистичкиот Билдунгсроман“, чиј плебејски гениј не се исцрпува во јазичко-создавачката сила на неговата проза.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Лесната читливост и масовната рецепција на Ќосиќевата лектира ги натера неговите литерарни опоненти да го наречат, не без идеолошка сенка, „социјалистичкиот Јаков Игњатовиќ“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Поаѓајќи од еротската желба упатена кон објектот на љубов, којашто го организира психичкото функционирање, сексуалниот однос доведува до празнење кое не се исцрпува само во полето на волевата туку и на автоматската моторика, која ја подразбира мазната мускулатура, ендокриниот и кардиоваскуларниот систем.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Бидејќи преку денот се исцрпуваше со собирањето камења, со правењето кал и со ѕидањето, а притоа наутро стануваше уште в зори, очекував навечер да си легне рано.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Старите антички и средновековните армии беа без кохезивно единство, се исцрпуваа со осаменичките и очајнички подвизи на ритерите, со нивната дружина, па затоа беа лесно совладувани од организираната Османска Империја, која благодарение на своите јаничарски ешалони траеше повеќе од пет века.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Обемот на задачите на дизајнот не се исцрпува во дизајнот на објекти, туку токму почнува со уредување на животните околности и со обликувањето модели на однесување.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)