се (зам.) - исфрли (гл.)

Многу асални, здрави се исфрлени надвор, многу зарибани, зарѓани се оставаат да шетаат по средишната линија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
[Следува дека односот помеѓу конструктите не може да се разгледува со помош на бинарната логика]; да се користи бинарната логика всушност значи да се исфрли третиот [генерички] поим, позадинската генеричка природа и да се третира биполарниот контраст како тој да може да се појави и да има значење и во изолација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Прво, требаше да се исфрлат непотребните предмети, па потребните да се подредат по некоја логика: според нивната намена и намената и капацитетот на просториите и мебелот и, по можност, според барањата на естетиката, иако таа е веќе во голема мера задоволена ако е задоволен предходниот критериум, оти убавото во домот го прави пред сѐ чувството дека е по човечка мера.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Им се чини како да се исфрлени надвор, мислеше, исто како дивинкине што завиваат од гладот и од бездомноста на оваа темничина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога се вади од вагонот, му се исфрлува и лебот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кај тие безочни луѓе, што расправаа за нејзината судбина и за судбината на нејзиното дете како за предмети, кои по секоја цена треба да се исфрлат од нивната куќа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мемливите тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога сите куќи ќе се бојадисаат во бело, сите прозорци ќе се отворат, сите алишта ќе се извријат и исперат во изворска вода и ќе се остават на пролетно сонце да се сушат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сѐ што имаше се исфрли надвор и сејмените прибираа што можеа да понесат, а што не можеа, кршеа, туркаа, сечеа со јатаганите, и расфрлуваа по двориштата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сепак, не им истури се, ама ги благослови: - Да ви се истури небото толку и да ви се исфрли морето толку колку што ви е мило во душата!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)