се (зам.) - исуши (гл.)

Во Маказаречката река останаа уште некои јаблиња кои набрзо ќе се исушат без дотекот на водата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Абре, Симон“, ми вели, “ти се исушила варва. Што ја држиш дупката отворена, што не ја запреташ?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За градинчињата и за бавчите да не зборуваме. Сѐ што беше пркнало, се исуши. Се знае, октомври е сушен, и дури посув од август.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Те бараме да ти кажеме и ти да знаеш и да сториш нешто“, ми рече Михајло. “Сѐ ќе се исуши, и сѐ живо ќе цркне“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Да му се исушат тие нозе”, помислува Соколе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Затоа оваа поезија е неуморна: сето време, без престан, го надгледува претурањето од мислата во јазикот на своите говорители и чека „инцидент“ сѐ дури самата не стане тоа што го чека: инцидент меѓу мислата и јазикот чијашто разврска мора да биде во интерес на мислата, што значи јазикот треба да се шири и да се растегнува, постојано да се долева и полни не со водата на Едното, туку со водата што се исушила не сакајќи да се прелее во Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Анте Поповски во „Две тишини“ ги цеди од себе токму оние капки што ѝ недостасуваат на реката да се излее, токму оние капки кои се исушиле во мислата пред да се прелеат во зборот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А ти, гледам, си се исушила. Држи се! Гледај ме мене, де!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се облече, влезе во колибата за да го ѕирне огнот да се одмори малку и да се исуши од потта, па се упати кон добитокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некои, што израснаа подоцна, со големината ги надминаа постарите, а некои на самиот почеток се исушија, иако таа не можеше да се види дури и по неколку дена, кога тие се стуткаа и паднаа од ластунката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се исушило и стеблото на кое застана да грачи.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И една пролет, кога сè околу полјанката се расцвета и раззелене, двете јаворчиња останаа со голи гранки, црни и испукани. Се исушија. ***
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Помиреност и очај, како на онаа друга слика – на која беа Мајка и Дете, само што помиреноста сега беше полна ужас, помиреноста на Исус во мигот на издивнувањето, а мајката негова, застаната до крстот беше во очај, со склопени раце, со наведната глава, со поглед слеп за сѐ пред себе, освен за болката на душата, со очи кои како да се исушиле во вдлабнатините, а на нивното место останал само очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ајде,“ рече брат ми, и јас тргнав по него, навалена на неговата рака, поткривнувајќи, вртејќи се наназад кон мајката и синот, кон нивната разделба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потемне народот, обневиди, се оглуши, се исуши.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нивното движење беше нивни живот без страв од бегови и од чуми, и затоа уште позагатлив во својата величественост. На патот се исушив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак ги броев орлите. Беа веќе тринаесет и не се спуштаа кон нас, не се наголемуваа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Станал, дури кога бакнежот се исушил и истинал.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Летото повторно, пред да зазрее, без никаков предзнак, се исуши и стариот благун. Крушата која беше засадена со градбата на старата куќа...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стани да видиш како несреќата по собите и дворот ти шета. Сѐ живо во дворот ти се исуши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не толку заради што му се исуши устата од силна возбуда, туку и за да провери дали букарите навистина, легнати така еден до друг и завиткани во влажна `ржаница ја држат студена водата, побара да му дадат вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И така, со песни и подбивки, со нови, штотуку збиднати љубови, и со кон под отворено небо, секој ден и секоја ноќ, во текот на две седмици, додека не се исушеа црепните, односно додека не беа пренесени по домовите, во кошарите, жителите на Потковицата беа заедно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само некои, дребните, останале сокриени меѓу лисјата, и само една голема, која лека полека, во сонот, се престорила во топка крв и се исушила потоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Играа, пееја, со вода од кладенецот, што ја црпеа со лејки, со бардињата што ги понесуваа од дома и кои како и момите беа закитени со маслинови гранчиња, со полски каранфили и црвени рози но и со плодови од цреша, со одмиваа - за здравје, за среќа и за личнота, На пладне се враќаа во населбата на ручек, а во бардињата понесуваа вода, од Кладенец, која не ја пиеја; ги затнуваа бардината и ги чуваа на темно и студено, сè додека не се исушеа гранчињата, цвеќињата и црешите на нив, а тогаш, кога тие ќе се исушеа, пред изгрејсонце, во недела, чупите ја истураа водата на куќните прагови, на портите, пред пондилите и трлата и на крстопати - овој пат за здравје, напредок и личота на домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, напролет, тревата е најбогата со состојки, стоката по цел ден пасе, а и сонце има достатно па лепешките можат убаво да се исушат до наесен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Квак! Како да го удрив со нешто по глава. Очите ми се исушија, станаа остри како отровни стрели.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во очите на волчицата изгасна пламенчето на љубовта и бесот, краиштата на нејзината челуст се пособраа, песната се исуши на нив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Врбите пожолтеа и се исушија, стеблата паѓаа и од допир на прст.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не е само да се ископачи земјата, туку и да се исуши водоврикот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ууу, камен ти под јазик, Уљо, велам јас, ти поткасај си го јазикот, а нему и другата нога нека му се исуши!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Црно, бело, ама мора да се жеволи, да се турка да ми се исушат алиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Туку дојди, рака да фатиме, вели. - Да ми се фатиш, вели Наќе, поарно да ми се исуши раката, отколку со тебе да се поздравам, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
33 Професорот Фред рецитираше: „... и кога стана, нашиот предок ја одвои муцката од земја, па таа се исуши и заздрави.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во минатата година грозјето, она ситно и темномодро како парченце ноќ и прораснато во овој крај за земјата и за човечките срца, мувлоса необрано меѓу ластарите, а тоа се случи кога умреа праските: лисјето без позната причина поцрвенети, се збрчкаа, потемнеа, потоа искапаа, плодот се исуши несозреан - врз семката остана само пеплосана сува кора без капка сок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Врбите пожолтеа и се исушија, стеблата паѓаа и од допир на прст.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Прашуваше дали стои обесена на башлакот каде што ја остави да се чува, дали ја подмачкуваат со тревката ноктец за да не ја нагризат молци, дали писката и брмчалото го подмачкуваат со масло за да не се исушат и да испукаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се лепеа и на гранките од борот кој како сосем да се исушил; со снегот му паѓаа и игличките пожолтени, исушени како опожарени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И сега работејќи во градината, почесто седнува на клупата под него и гледа голем дел од короната се исушил.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гледај, вчера од домата наша сè нешто донесов: клавчиња пченка, пиперки се исушиле - ненабрани, ненанижани, кокошки седала со јајца наполниле.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Чудно, наспроти неа, зад бараката во која сега е Дине Бочаровски, има куќа на четири ката, малтерисана и полна со пљачки по балконите што го чекаат сонцето за да се исушат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ќе свенат ластарите. Ќе се исушат тие раце што ме негувале, што ме раснеле и на овој рид голотијава и ветерот ќе ме дојадат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Мајко, ах, навистина мајко, дојките да ти се исушат што ме остави сам! Кај да те побарам?
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
— „Ќе ми овениш тука, ќе ми се исушиш без водичка, ќе ми умриш! Не, не, ти не умираш. И туа ти си за мене жива.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Предената се исушија и уште другиот ден Доста ги свитка од мотаници во клопчиња и ги остави во земникот додека да ја приготви основата. Да беше кабил око да не затвори, само што побргу да го кладе разбојот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грлото му се исуши, не може плунката да си ја голтне, а ете Бојана, проклета Бојана, пак го праша: — Тебе те прашам, море сому, шо не кажиш кај одиш? — и пак се насмеа сама и застана пред магарето да не може да помине.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нешка везе и често ја мириса китката, за која Тода донесе едно шутаре од бардаче за вода, да не се исуши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но на Зоки повеќе не му се црта. - Тато, - вели тој, - но додека јас цртав... тревата се исуши. Ако? Нека остане жолта!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Што, се чудите? Еднаш така и стана: скокајќи од креденецот врз него, кога тој беше отворен за да се исуши од дождот, Фигаро го расцепи свилениот чадор со своите нокти.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Гудалото нежно ми се лизга ту во минатото ту во иднината и ме потсетува дека некој нашинец најпосле треба да му ги истегне ушите на времето пред да ни се исушат сите ритки и пред да престанат да ни врзуваат стебленцата веќе онемени од носталгија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Си замина и брезата од неговиот двор. Се исуши.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Умре вечната и тивка убавина што се гледаше од високиот чардак. Вплетена во него се исуши лозата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На мене да се исуши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да му се исуши раката и така да си ја носи!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после ме тераат да трчам за да ми се исуши облеката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само што те видов и устава ми се исуши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па овој што и да погледне, ќе свене, ќе се исуши...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште едни солзи не ти се исушиле, а веќе други ти дошле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се исуши устава, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И една пролет, кога сѐ околу полјанката се расцвета и раззелене, двете јаворчиња останаа со голи гранки, црни и испукани. Се исушија. ***
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)