се (зам.) - истресе (гл.)

И иако сето тоа стануваше сѐ понеподносливо со стареењето на неговото тело, зарем не беше доволен знак дека ова не е природен поредок на нештата ако срцето на човекот му се стега од неудобност, од нечистотија и од недостиг, од бескрајните зими, од лепливоста на чорапите, од лифтовите кои никогаш не работат, од студената вода, од лутиот сапун, од цигарите што се истресуваат, од храната со нејзиниот необичен, гаден вкус ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И без твоето двоумење знам дека има и премногу фира помеѓу известијата што втасуваат до мене“, му реков на Борче.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Митра стана, се истресе, си ја заврти косата и почна да тажи на глас и да колни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Објаснувањето дека информацијата случајно ти се истресла мене воопшто не ме изненадува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Требаше да се смете внатре во колибата, да се средат расфрланите работи, да се донесе вода, да се измијат паниците, лажиците, требаше да се истресат и чергите, кои дедо му од есента сигурно не ги имаше изнесено надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сите тројца скокнаа на нозе за да ѝ се придружат на турканицата околу лифтовите и преостанатиот тутун од цигарата на Винстон се истресе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)