10. Колку повеќе се истргувам, толку повеќе ми стои во близина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се истргуваме сега од турканицата, а по нас идат некои сенки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И, дека заблудени со јадењето, не гледаме кај ни се истргуваат војниците, стражарите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Оливера се држи за мене, а јас се истргувам и пат ѝ отворам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се истргуваме од Гревена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
4. Германците почнаа да се истргуваат од Костур, ослободија и многу затвореници, а мене уште ме држат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како померена, подизлезена од умот. ,А бре, Македонче, каде се спремаш", јас не знам што било што сум велела, ,нека разберат клетите фашисти", сум се мачела да пеам и само да му се истргувам на Алекса, само да го удирам по глава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ноќта е долга, одвај се истргува, одвај се одгрнува. Не му попушта лесно на денот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па после, ти велам, се искрадува Мисајле Ковачот, се истргува некако, никој не виде во тој прплец кога отиде дома и кога се врати од дома, туку еве го со пушка в раце.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Пушти ме, мајко, сама ќе си одам, вели Капинка и се истргува од рацете мои.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И ја држам за аливцата, Таа ми се истргува, а јас ја држам, ама сум нејака.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)