се (зам.) - истргне (гл.)

Во тој момент куклата се истргна од нејзината преградка и рипна на отворениот прозор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Само што погледна надвор од градите му се истргна весел извик: - Иииј!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Претседателот со десната рака ми честита, со левата ме прегрнува, ме бацува и потоа, сѐ уште држејќи ми ја раката, се истргнува да можат присутните да видат колку величествено изгледам со почесниот забрадок во боите на државното знаме околу главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не се истргнаа тие стебла од земја и не ги оставија зад себе своите кори како змиски кошули за да појдат голи и бели во молчалива месечарска колона.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За среќа ѕвонеше. Се истргнав од нејзините раце и истрчав назад во класот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сакаше да ја сврти главата и да се истргне од раката, оти за секунда помисли дека тој, сега на само десет сантиметри од нејзиното лице, ќе ја бакне право в уста.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Инаку ти би видел дека твоите сонувани џиновски стебла се истргнати од корен додека во нивните стеблаци невратно гаснат очи на црвени верверици; инаку ти би видел дека белите гриви на ветровите висат како свенати класја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Слаб плач се истргна од градите на девојченцето. Слаб, немоќен, како да доаѓа од некоја бескрајна длабина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Ќе се истргнам и од овој мрак, ќе го истресам правот што овој пат и на овој пат легна врз мојов шинел, ќе се истурам на широк мегдан, ќе исчекнам и не итаница, ами полецка ќе стигнам онаму кај што ме чекаат другарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стариот му се истргна од рацете, пак се свитка врз каменот и почна да ја удира главата од него, така што на веѓите му се дигнаа големи врги, а од челото му бликна крв.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секој од нив ќе почувствува како блескавите пердуви затреперуваат и бликаат, длабоко во коренот, обидувајќи се да се истргнат од нивните здробени рамени коски!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)