се (зам.) - истопори (гл.)

Кога се поврати од бунилото, сиот испотен, како да претрчал планини и планини, и додека си ги собираше душата и силите, наеднаш сфати дека денеска можеше да биде убиен; во гневот заборавил да ја наполни пушката и така, со празна пушка, се истопори пред Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лабро без да чека двапати да му речат, го одврза учкурот и со едната рака, држејќи ги шалварите, а со другата рака ...., се истопори пред ѕидот и од лево кон десно, па нагоре и надолу, го мочаше знамето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И машко и женцко, и старо и младо да се соберете на вигнатааа...!!! - викаше телалот, ама му се истопори дедо Наќе и му се развика: - Аре, пезевенк, нели ти реков на вигната да се соберат само машките, а?!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ашлак, - му се истопори Аргир. „Самоволник, секогаш сака да врви само по неговото“ - помисли со негодување Веле за Аргира.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секој пијан ќе ти се истопори на влезот и ќе ти се измоча, да простиш, на диречено. Ѝ велам на Зорка, не е ова некој живот, треба да бегаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откако успеа да се истопори на брегот од барата наречена „Езерце“, една од подебелите гуски си ги истресе перјата и сериозно се загледа во нас.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Доктор Миха во моментот ги откажа натамошните приеми и прегледи, се погледна дали е доволно спастрен за да се истопори пред власта, и јурна со колата кон полициската станица за која приближно знаеше каде е, но во која никогаш пред тоа не беше стапнал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зад сека грмушка се крие идеалот за збогатување набрзина, зад сека грмушка на оние кои се стискаат да не се измочат в гаќи силници им ги превртуваат џеповите и кога нема да најдат ни петпаре од бес ги плескаат по газовите, ги влечат за уши, им бркаат во очите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)