Језуитите се истерани тукуречи од сите европски земји затоа што ја експлоатираа народната совест.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Татко добро знаеше дека големите идеи кои зачнуваа во главите врз погрешни основи од смели поединци, како на пример, во главата на научникот Лисенко, со идејата да создаде џиновско јаболко или зрно жито, можеа во доменот на свеста, на пример, идејата да се истера Бог од душите на луѓето, да се отстрани самото верување на луѓето, можеше да биде проследена со несогледливи последици.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Филозофот Волтер во своите познати тиради грмеше: да се истераат од Европа тие варварски узурпатори.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Една мисла, премногу загрижена, а не може да се истера, го предизвика тоа разочарување, восхитеност, тој desenchantement.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)