4. На влезот, пак, на Потковицата, од средината на есента, а преку целата зима и сѐ до напролет, како природен забран се испречува Алинска Река.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Чекај малку! - врескаше Бистра, а сестра ѝ потскокнуваше во место или се испречуваше пред лулашката, но кога ќе видеше како Бистра со голема брзина се враќа накај неа, ќе се тргнеше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Јас бев крива што мостот беше малку расипан.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дубровчанецот го убедуваше дека такво нешто нема да се случи, но тој продолжи да бара знаци во сѐ, и во хороскопот, и во превртениот филџан кафе што мајка му сега редовно го вареше, и во предметите што му се испречуваа на патот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Со вперен автомат пред нив се испречува Германец.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Простувањето, во тебе, се испречува како висока планина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)