се (зам.) - исправа (гл.)

Козичката го насетува присуството на волкот. Дивата шумска грамада се исправа пред неа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пред нас се исправа Лаптокарија. Беше пладне кога навлеговме во овој приморски град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се исправам и ја вадам бомбата, но некој ме фаќа крај мене: - Чекај, далеку сме ... Не можеш ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Елегантно се исправам и велам. - Грешка сте. Јас сум дактилографка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И кога престана ветрот и се одврзаа коњите Таа уште не се исправаше, лежеше како болно дете На кое му се суши срцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но бргу се исправа и сега веќе нежните акорди на „Месечева светлина“ се заменети со нешто морничаво, сега веќе Брукнер го заменува Дебиси.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Плачел. На чуден начин, небаре прстените на грбникот му биле одделени еден од друг, се исправал од својата пониженост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна, кога уште верувал дека и мртов ќе го мрази насилникот со превивка преку око, се сеќавал дека биле корен на грев неговите мисли: тој тогаш од две теста месел величествен облик за туѓи заби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак на една од двоколките, на својата, лежел истоштениот малодушник Неделко Шијак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само понекогаш по малку се исправал да види што се случува и се обидувал да повика некого, да поразговара, да каже дека мачењето е попусто, тој ќе умре, другите ќе умрат, по нивната смрт сè ќе е мртво.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На едно угорниче погоре се препна во некоја затрупана ветка под снегот и падна. Веќе не се мачеше ни да се исправа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сега додека се исправаше од своето легло, Змејко мислеше дека би можел да му напише барем тоа, дека е добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Всушност тоа секогаш беше само едно од тие дрвја, кое ќе стореше само едно движење, едно такво движење како кога се сонува тежок долг и морничав сон, и секогаш тоа беше само една ветка, што се исправаше нагоре како празна дланка во несвесно замавнување што оттурнува нешто од пред своето лице, додека под неа се ронеше истресениот окит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога се исправа пред седелката, со левата рака држејќи се за дрвото, а во десната држејќи го секирчето, некое време се навикнува на темницата внатре, потоа, кога го здогледува бувот, исправен и скукален сред седелката, го зема со секирчето од страна, оддесно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кловнот се исправа и го пушта палтото на земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се исправам и можам да видам дека свеќите раснат, се издолжуваат косо и ги обогатуваат драпериите со пламен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Кај било, вели Левтерија, кај ќе ме водиш, таму ќе идам. И на крај на светот, вели и го зема бокалот, се исправа, тргнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Водата се исправа како човек, кога станува од постела и ме турка, не ми дава време и да викнам, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко се исправа, издишува и ми ја подава секирата мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги поминавме жиците и се исправаме. Нема зошто да лазиме повеќе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги бришам на ногавицата од панталоните. Кога се исправам го здогледувам Наќета од Церово. Ја истранил главата, мислиш спие. Викам: Наќе, Наќе, ама не ми се одзива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се исправам: веќе се развиделило.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Станувам некако, се исправам ко црн потсекарец на снегот и тргнувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се исправам и гледам во плеќите од Јона.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега влегуваме во станицата Сен-Силпис, некој покрај мене се исправа и заминува, Ана исто така останува сама пред мене, престана да гледа во чантата и на два-три пати нејзините очи расеано ме пометоа пред да се загубат во рекламата за бањското капалиште која се повторува во сите четири агли на вагонот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некакви конци со кои бил врзан за својата неподвижност за железниот кревет (на нив има само стар, глекав душек и измитарено веленце), се инати тој , ослободен дури и од својата тежина, се исправа и по мрак, и самиот од мрак со грутки стврднат мрак во грлото, се обидува да го искрши катинарот на вратата од забранетата одаја и никако не успева.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Клечи така и липа суво и не знае кој (неговиот утрешен призрак можеби) се исправа од грчот на преврелата снага што е и не е негова и оди и се враќа со стара стаклена ламба и ја крши од вратата и ја вади ронсоновата запалка од џеб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се исправам и можам да видам дека свеќите раснат, се издолжуваат косо и ги обогатуваат драпериите со пламен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Минатото се исправаше од ден во ден, и речиси од минута во минута.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека манастирскиот измеќар и некој од калуѓерите збутани до вреќите со погачи и до ќуповите со вино, викаа по него да легне долу, тој сѐ повеќе и повеќе се исправаше и го виде ројот дечишта забрани од јаничарите во заеднички синџир, а веднаш по нив и коњските газови, мазни и светливи како килими.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пелагија се наведнува врз старецот, за последен пат го пика своето кадро во неговите очи, нежно го допира со прстите по челото и се исправа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чекаш стјуардесата да ти ги покаже зубите, гордо се исправаш и со кнедла у грло и олово у ноги – стапнуваш во туѓината.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Слушателите околу него се кикотат и шепотат нешто младичко. Пламнува и се исправа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Откако само еден момент ги погледна држејќи се со рацете по колковите како да се исправа од работата, му ја подаде раката на Котета, воедно велејќи за поздравувањата и со братучедите што беа еднакво одмерено и здржано срдечни: - Ај добредојдовте... .
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се исправа, се наведнува и долго ја држи својата уста врз устата на Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Камионот настранува и се исправа и кашла среде оглоданиот предел од зелени смреки и темни, препланети грмушки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Морето е веќе пред нас, се набира и се рамни, се рамни и се исправа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На другиот крај се исправа и Германецот, алка покрај ѕидот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се исправа со вџашени образи, со закрвавени очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Претам во реката: ја подавам главата и се мачам да се исправам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се исправаат на задните нозе и ги наведнуваат дрвцата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се исправам да се префрлам и некој ми се фрла одзади.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Копа со нозете, удира во водата и се исправа заедно со неа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шлакнав во водата и не можам да станам, да се исправам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се исправаат, се наведнуваат, мислам ќе се превртат, ќе ни се истурат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)