се (зам.) - исповеда (гл.)

- Сигурно било нешто мнооогу перверзно штом така нагло се засркна - го подбуцна Мел, очекувајќи Грегор да се исповеда што му се мотало низ главата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Една старичка клечеше пред една исповедалница, не се слушаше што говори, за што се исповеда...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го фатив под рака мојот драг учител и, без црвенење, без премолчување и на најинтимни работи, пред никого уште не искажани и не признаени, - му се исповедав како на најблизок.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Помисли на можноста да им се исповеда на родителите за она што го стори.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А кога јас, со солзи на очи влегов и сакав да му се исповедам, да му признам сѐ, видов дека светлината околу неговото тело ја нема, оти јас не ја виѓавам веќе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се срамев да признаам, да се исповедам, оти Филозофот доверба безгранична во мене покажа до тој миг; и сѐ што помислив беше: „Боже, Седржителу, татко мој, сочувај го Филозофот од сподобието грозно и отровно сосем!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И затоа ќе одам во Рим, Богу да се исповедам оти и јас гледав со очите на нечестивиот и согрешив; оти сум видел нешто што привид е, а привидот е дело на нечестивиот; одам да ја уцврстам вербата своја во Бога, ако веќе не е предоцна“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше во таа насмевка потсмев; јас тоа добро го знаев, оти во една прилика му се исповедав на отец Пелазгиј дека сум слушнал небесна музика во храмот, додека сум го призивал Бога, во часови бестелесни и бесчулни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
После, седум дена си лежел в кревет, си се исповедал и си се причестил очекувајќи да умреш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ни стана мил, близок и доверлив. Затоа решивме тебе да ти се јавиме, да ти се исповедаме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Слегнав за да се исповедам и да си го олеснам страдањето од неправдите на кои сме осудени да бидеме сведоци, да гледаме, да пластиме, без можност ниту офка да изустиме. Да си олесниме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога по завршувањето на претставата, во гардеробата ќе ја праша зошто така лошо го интерпретирала ликот на Јулија, таа му се исповедала: „Вечерва прв пат во животот, ја проѕрев шупливоста, лагата, будалаштината на празната приредба...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сенарот, еден ден ѝ се исповедал на својата жена и рекол дека од инает не сака да му ги даде парите на јагленарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На крајот од расказот, авторот се исповеда: „Најлошото од сѐ беше што ми се пушеше, а немав кибрит со кој би ја запалил цигарата, ниту пак смеев некаде да застанам да го купам“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сеедно, оние двајца и да станале, без љубопитност за одамнешните судбини да го оставеле, тој ќе продолжел да преде со атрофираниот баритон за лично задоволство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку поблед отколку што мислев во дворот, и не блед колку варовничав или изветвен од подмолен јад на човек со товар несреќи на срцето, домаќинот ги потпираше тешките дланки на софрата со секакви трошки од вечерата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се обидел да се исповеда пред челникот Онисифор Проказник, бил срамежлив и безгрешен, можеби нешто од долгиот живот и присокрил пред помлад сведок и исповедник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Исповедал други, ќе се исповеда и себеси, ќе се ослободи од тежина што го јавала триесет и една година, значи од смртта на деведесетпеттодишниот Лозан Перуника, потоа ќе појде утре со пленетиот машингевер кон слава од која огнено ќе прснат легенди и идни спомени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Долната вилица му се тресела пред тоа, ја слушале ѕвечавата приказна на здравите катници и веќе без збор на надеж, рисјанско сочувство на утеха, па макар и лажна, бегале од лепливоста на неговото грлено штукање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видовитиот, некогаш Дмитариноарие, подоцна Дмитар-Пејко, припокриен со запалени гранки без пресметаност на ќумурџиско умеење, се спровирал од својот гроб во шурки чад, патувал невидлив и се враќал со свиркањето на ветрот барајќи ѝ ја трагата на дружината и наоѓајќи ја само ноќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Раскажуваше полека како да се плаши да не се засркне од многуте зборови, го гледаше настанот и се гледаше себеси во тој настан, со жестока горчливост во гласот се исповедаше пред седуммина гости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Добро, добро е, многу добро што успеав да го навлечам да се исповеда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но, не...има ли мегдан во урнатините, за да се исповедаш ти грешнику со немата заповед на совеста, под кормилото на твоите сништа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Мислеше на далечната планинска земја Босна (отсекогаш при помислата на Босна имаше кај него нешто темно), која и самата светлост на исламот можеше делумно да ја осветли и во која е животот, без каква и да е питомост, сиромашен, штур и одвратен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа зло длабеше во него и го раскинуваше, а тој не можеше ни да помисли некому да му се исповеда и да му се довери; па и кога тоа зло си ја заврши својата работа и изби на површина, никој нема да го познае; луѓето просто ќе речат: смртта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овде со солзи на очите му се исповедала за патот, за пречекот, за средбите со сестрите, браќата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во очите му блеснаа неколку солзи. Никому по враќањето од затвор вака не му се исповедал.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Природно се очекуваше и тој еден ден да му се исповеда на Камилски за тајните на младоста, за клучните настани од цариградското време кога овде се разминуваа османската епоха и времето на нова Турција на Ататурк, кога се разминуваа верската империја на Калифатот и новата лаичка држава, кога се разминуваа арапската и латиничната азбука, старото шеријатско и модерното европско право, кога се разминуваа Европа и Азија, кога новите институции ги заменуваа старите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако ја поведеш и ти жена ти, тие двете заедно ќе се бањаат, ќе зборуваат и ќе се исповедаат по женскиот обичај, и жена ти може после да ти расправа сѐ што ќе ја прашаш за Атиџе.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Решаваше да му се исповеда на Кулета, којшто беше четири пет години постар од него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нејсе, тој се исповеда пред сите дека не е поп, но само „црноризец“ — калуѓер.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие почнаа да се исповедаат пред своите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Намисли да појде кај отец Серафим да му го каже сонот, да му се исповерда, да почувствува леснина во душата, но се исплаши да не го погледа прекорно отец Серафим и да му рече: Соновите ни го кажуваат она што го мислиме...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Барем ми наговести дека можеби сонувам, дека низ сонот се исповедам!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)