Ѝ се изнасмеав на жена ми онаа вечер, кога, додека се шминкаше, огледалцето ѝ падна и се искрши.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- Сув ли е мостот? - реков, за да покажам дека нешто знам. - Е, што мислиш? - ми рече Миле.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Господи, се чини човеков ќе се искрши од услужност.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Ма, какви лулашки! Забрането ти е да одиш воопшто на лулашки, да паднеш таму да се искршиш!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сета се тресам! Лексилиум ќе морам да се напијам поради вас, скотови едни! – и влезе внатре, треснувајќи ја толку силно вратата што мислев дека не само стаклото туку и ѕидовите од куќата ќе се искршат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Мац, мац, ела мац! - викна со главата свртена накај прозорецот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Истиот миг ние двајцата се смиривме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Таа само гласно мјаукна кога се удри од аголот на ниското шкафче и преврти една столна ламба, која падна со тресок и се искрши.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)