се (зам.) - искрадува (гл.)

И пак Бонети ноќе се искрадуваше до нејзината одаја, ѕиркаше низ прозорецот да види дали спие и бараше начин како да ѝ влезе, како да ја отклучи вратата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Откако го растргна последното диво јаре на поило, дури отаде планина, се како опусте наоколу. неколкупати оттогаш се искрадуваше од својата јама, дење итро и претпазливо, ноќе скриена во мракот и послободна, но не најде трага на ниедно животно. млекото ѝ секна, лутите чеда, недостасани за крв, ја кинеа со гласни писоци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А набргу од некаде почна да се искрадува приквечерината. Тоа не беше темница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првите ги закопуваше со соседите, а другите сама; се искрадуваше никој да не ја види, никој да не ја забележи и ги закопуваше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Што сега? Почнав да се искрадувам од сокак во сокак, од свиок до свиок, од сенка до сенка - да ги избегнам патролите, полициски и воени.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Паметам, се искрадувавме под бодликавата жица и крадешкум влегувавме во нив низ отворените прозорци без стакла. Внатре пустелија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Понекогаш и откога ќе си легнеа децата, се искрадував и како сенка, како ошумоглавено живинче лунѕав крај ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Па после, ти велам, се искрадува Мисајле Ковачот, се истргува некако, никој не виде во тој прплец кога отиде дома и кога се врати од дома, туку еве го со пушка в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)