Таму се фрлаат сите видови отпадоци; искинати опинци „опурчаци", непотребни кожинчиња, шутки од искршени грниња и бардаци — стомни и сѐ она што не е за брза употреба, но сѐ што би можело да се искористи во даден случај.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Требаше добро да се искористи и за свои цели, а најмногу за унапредување на републичката хиерархија на власта.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Работата на италијанските и советските семиотичари, успесите во граматологијата и наратологијата, напредокот во изучувањето на билингвизмот и мултилингвизмот и процесот на учење на јазикот кај децата, сето тоа можеше да се искористи во Translation Studies.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Мистичните акорди на меморијата” се метафора за националноста на Абрахам Линколн, која сега може да се искористи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во скицата за паркот, освен нови - кедри, туи и елки - ги вклопив старите околни дрвја, оние што можеа да се одберат и да се искористат, како и сегашната жива ограда од кленики скраја подолу.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Од другиве излети главно нема фотографии зашто се инкриминирачки и можат индискретно да се искористат за јавна бламажа, или тајна уцена па, секако, е подобро да не паѓаш во транс, па да документираш нешто што може да биде сѐ само не да биде трајно... па, нели излет се вика?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Јас одговорив дека џезот е универзална музика, како што „Кока кола“ е универзален пијалак, и дека треба да се искористи неговиот мундијализам, за под негово руво да се пласира богатството на нашиот фолклор.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Беа дојдени на работа уште пред сонце, тогаш никој не прашуваше за времето и за тоа колку си работел, за сите беше важно работата да се врши и да се искористи времето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеби се плашиме дека што и да откриеме би се искористило против нас. (Како што сигурно и ќе се искористи, па тие стравови и не се баш неосновани).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Замисли си, во еден момент беше поверувал дека и војните можат да се искористат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)