Тоа дури имаше и своја добра страна, зашто меѓу врсниците во игра може да се изроди и тепачка, додека меѓу Кирил и Бојан тоа беше невозможно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Благуна и Десимир потоа неколку пати се сретнаа долу, зад копите во ограѓето, а тоа не остана незабележително од жителите на Потковицата и врз Благуна падна тешка клевета - дека таа, оној пат, ги предала и дека сѐ уште ги предава луѓето од Организацијата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А во другите социјалистички земји каде што сталинизмот остана и по исчезнувањето на Сталин, тој таму се изроди, се оплоди со домашните сеништа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Што ми останува мене друго? - Не ти зборувам јас за тоа. Да не се изродиш од народот ти велам.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Од тие неколку невини и копнежливи љубовни погледи, додека мајката, кинејќи го со заби конецот го крпеше Десимира, се изроди сета идна несреќа на чупата и на сиот сој Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Доколку од тоа се изроди некој кој не дува во истиот рог, стварен бунтовник, настапува паника во целиот театар.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Доволно е да се оди со нив по градот за да се изродат секакви перипетии.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
(...) Зборував за мистификацијата врз која се засновани литературата, академијата, културниот мит; но тие не се единствените што лежат тука.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)