Во решението со кое се дозволува повторување на постапката ќе се изрече дека се укинува одлуката донесена во поранешната постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
6. Глоба во износ од 15.000 ЕУР во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на работодавач- правно лице; а на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот ќе му се изрече глоба од 7.000 ЕУР – ако откажувањето на договорот за вработување е извршено спротивно на овој закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нели тој случај е затворен и казните се изречени уште кога тој престојуваше на оној според него непотребен курс со кој требаше да биде унапреден во службата!?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Лицето кое го прибавило предметот или правото за кое тече парницата може да стапи во парницата наместо тужителот, односно тужениот, само ако со тоа се согласат двете странки (чл. 185, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Три години потоа, со првата измена на ЗРО (2005), од август 2008, кај овие „помали прекршоци“, чиишто број сега од шест се зголеми на седум, ако работодавачот е правно лице – ќе му се изрече глоба во износ од 1.000 ЕУР, а ако е физичко лице – глоба во износ од 800 ЕУР (чл. 27, ЗИДЗРО/авг.08). А, пак, директорот ќе биде казнет со 600 ЕУР.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Глоба во износ од 800 ЕУР ќе се изрече на самото место за истиот овој сторен прекршок и на работодавач-физичко лице; а, пак, на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот, на самото место, ќе му се изрече глоба во износ од 600 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)