се (зам.) - изреди (гл.)

- Доста ни е од такви Дости, вели војводата, зар и разбојници да прибираме, вели, и наредува да го врзиме, да го мочаме. И ние сите му се изредивме. Како да гаснеме запалена вреќа со ќумур.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во текот на петдневната дискусија се изредија говорници „за" и „против" општо востание, дури најпосле Даме со неколку збора не ја прекина расправијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама најмалава сега ги истече очите што ќе треба во оваа пустелија да чека на некој јабанџија, и башка, откога ќе се изредат другите сестри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Откако се изредија да зборуваат уште неколку души, Гоце го заврши состанокот со зборовите: - Смрт или слобода!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Зборувајте сега за востанието како да го правиме и кога, а не дали да го правиме".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако го кладе разбојот со ќилимот, та дури да го извади, се изредија скоро сите селски невести и баби да видат што ткае оваа јабанџика кај Сукалови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Добровечер, добровечер. Добровечер, добровечер. Здраво. Добровечер. Се изредивме со поздрави.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)