Со нагласени големи букви се изнесува и еден податок на Волтер од неговото време: „Религијата го чини човештвото седумнаесет милиони човечки жртви, еден милион секоја година!“
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Меѓутоа, експертите сметале дека "ширењето на руското влијание" претставувало сосема нешто друго и дека за тоа британскиот политички естаблишмент бил многу заинтересиран.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Според нив, не би можело да се изнесуваат "обвинувања против Русите дека го организираат ширењето на комунизмот на Балканот".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но зарем вредеше да се разурне таа армија од наредени карти врз катедрата пред која се изнесуваа големите хипотези на надворешните сили кои од сите страни демнат да ја разединат и уништат Југославија, версајската творба според јакобинистичките замисли на францускиот претседател Жорж Клемансо.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Богатството во Стојановата држава не смееше да се изнесува надвор од домот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Се изнесуваа таму манастирски вина, погачи, а најмногу грнчарија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)