Гога се изнасмеа добро, а кога чу за кое девојче се работи тој рече:
- Арно си го одбрал гулабот, само малку доцна, така ми се чини.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Хохохо! - се изнасмеа чичко Лозан чукајќи ме по рамења.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Си платил цел, а ќе излижеш одвај половина сладолед а на тукушто избањатите божици секако нема да ве видат, инаку барем ќе ви се изнасмееја на сладоледните капаници.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Не е баш препорачливо да зјапнеш во тукушто избањатите божици, особено ако лижеш сладолед баш кога врви нивната гиздавост.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Фоте сакаше да се изнасмее на нејзината недвосмислена шега, но си ја скрати смеата за да ги пресретне Богевци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ќе помуабетиме, ќе се изнасмееме, а може да падне и песна.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ми преостана да се изнасмеам. Полногласно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Рече дека не сум сакала да одам во училиште затоа што не сум можела да ги научам основните работи; рече дека не умеам ни да разговарам па затоа не одам да играм со девојчињата; рече дека сликањето не е за девојчиња.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Вечеравме кога кажав дека сакам да научам да сликам, и тогаш мама се изнасмеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас тепам само курви... и Срби“, се изнасмеа наглас и замина.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Пријателот се изнасмеа кога го праша како му оди.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Со години веќе се немаше сетено на тој настан, на шлаканицата по образот на девојчето, на запалениот братучед, на стравот што го почувствува тогаш кога сфати дека човекот со лузната него го сметаше за свој, сличен на себе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ете, поради тоа, кога убаво се изнасмеав од прочитаното во есејот на Јан Кот „Одалеку-одблиску или Балзаковиот кревет“, веднаш потрчав во собата каде мојата сопруга уживаше во следењето на ТВ серијалите и почнав да и раскажувам за Јан Кот и за неговите средби.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Јас, будала, се средив, се намирисав и се враќам во постела, а тој, како да ми е брат, спие!”, се јави сопругата негова, а цариничката слатко се изнасмеа и, пак погледнувајќи нагоре, викна: „Стави во тавчето зејтин, не штеди!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Двајцата слатко се изнасмеаја, а потврдата ја чуваат во еден тефтер со кожени корици, на полицата со другите книги. . . .
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Морам добро да се изнасмеам, инаку ќе умрам.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Едно го виделе Силјана мажот и жената, ги оставиле косите и си проговориле помеѓу си со нивниот јазик и се изнасмеале.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
- Каков страв? - се изнасмејав. - И зар е важно сега она што помина?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога доктор Пачев влезе повторно во мојата соба можеби за да натокми уште некој податок во врска со исчезнувањето на Пеперутката, за малку да се изнасмеам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не чувствувам ништо, дури не болат ни раните на мојата рака.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мајка им на глас се изнасмеа.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
„Васј, Васј", се изнасмеа тој.“ Со воените нема шега. Кај нив сѐ е прецизно како на вага во аптека.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Присуствував на стрелање на еден Козак само затоа зашто го сокрил коњот, иако кутриот тврдеше дека пред неколку денови му пцоисал, близу Краснодар.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ѝ се изнасмеав на жена ми онаа вечер, кога, додека се шминкаше, огледалцето ѝ падна и се искрши.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тогаш, татко ти Добре, најдобриот човек на светот, ќе стане најсреќниот и ќе се изнасмее во солзи – радосници!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- А, таа? - А таа се изнасмеа и отиде да вози ролшуи со еден мрсулко од шесто одделение.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ако си помисли дека измислувам?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се изнасмеавме сите четворица и се фрливме на играње бриџ.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Едно време, на Аделина ѝ „се стемни”: - Како некои старци сме, сме седнале и глава не кренавме од картите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А, ако ми се изнасмее?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога ќе се сетам на времето од пред две – три години и на мојата најголема и најтажна опсесија – дека годините ми минуваат, сите некаде одат во странство, а јас преку граница не сум мрднала, и дека којзнае кога и дали воопшто некогаш ќе ми се случи, ми доаѓа самата себе да си се изнасмеам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Имале право моите, светот нема да ми побегне, допрва е пред мене животот и патувањата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)