Се изнајало арно сонцето попара и се изнапило вода, и се раатисало.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кога ќе се изнапиеја луѓето, кога ќе се џамосаа и ќе ги изнаредеа сите молитви што во умот им доаѓаа за ајваните, ветеринарот Скрез ќе се размавташе со рацете удирајќи се в гради: „Жими сѐ најмило, жими бикот, до година ќе воведам два празника за ајваните...“ „Три да воведеш... Три...” му велеше Лоте.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Му смирисало на сонцеето на туѓ чоек и ја прашал мајка си: - Мори мајко, што ми мириса на туѓ чоек нешто куќава?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Штом на кметот му ја протнал бомбата в куќи, се сокрил во некоја визба, се изнапил вино и викал слободно и јавно по сокаци: „Кметот свадба прави!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Откога се изнапи со питката студена планинска вода, Еразмо се врати до старецот, загледувајќи го од сите страни.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)