се (зам.) - излезе (гл.)

Маса народ тргната од некаде за некаде, се движи како несопирлив бран украсен со разнобојни транспаренти што поединци ги носат кренати високо над главите, со знамиња што се веат над нивните глави, со извици што се креваат до небото и со барање на кое мора да се излезе во пресрет.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
(...) Да не мислиш на неможноста со сигурност да се излезе еднаш засекогаш од вителот на семејните трауми, „вини на предците“ и закоравените предрасуди, како во добар дел од расказите?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во такви касели порано невестите ја токмеле својата руба, ги има во секоја наша куќа, но сега веќе се излезени од модата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Секој збор кажан на мене, или на Ели, или на тато од Вера беше топол, човечки, изразуваше некаква грижа, желба да се излезе во пресрет, да се помогне, да се направи добро.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Треба да се верува дури и во невозможно, да се нема ни очи ни мисла за ништо и од сета оваа луња да се излезе со глава на рамениците.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А сега ако речеше нешто можеше да стане и кулачки елемент, и ситносопственик, и малограѓанска стихија, а таа врата е многу широка за влегување, но за да се излезе од неа би требало прво да знаеш да се провлечеш низ иглени уши.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сега одиме кај мене на кафе и цигара, моите се излезени па ќе бидеме сами.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Глигор будно ги следеше како гаснат шумовите и потоа се вовлекуваше под одарот на Арсо и со упорност на кртица ја прегризуваше пречката што го држеше апсанџискиот свет откинат од онаа слободна широчина во којашто луѓето ја заплеткале својата судбина во нечии мрежи и ги кинат полни со верба дека има избавување и дека сето тоа е можно да се постигне. Да се излезе од овие ѕидишта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
6. Внатре, пак, во Потковицата, иако не без ризици, сепак нормално, човешки, пеша, на коњ, или со запрежно возило, моторни, освен трактори и џипови, не одаат, без попусти напори и закани дека, ако се намериш преку ридиштата, ќе се зацапаш во блатата и мртвиците, може да се влезе, и да се излезе од неа, само по два пата - по Пазарџиски Пат и по Голем Пат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се трагаше по пат како да се излезе среќен од Балканвавилон, од неговата силна сенка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секој збор одвлекуваше во непредвидлива семантичка стапица, од која не можеше да се излезе лесно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, сепак, мораше да се излезе на мегдан!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како да се криеше дамна исчезнатото време во заемката која жилаво се одржуваше во новиот јазик и покрај сите можни погроми, јазични чистења, пуризми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тешко беше со вошките да се излезе на крај.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Откритието дојде подоцна: касата беше голем божји суд без горен покрив, полесно можеше да се излезе отколку што се влегуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Надежите за подобар живот не се темелеа само врз уверувањето дека ќе дојде до важен исчекор во остварувањето на личните и политичките слободи и права, туку и врз убеденоста дека ќе се излезе од повеќегодишната економска криза, а животниот стандард набрзо ќе се приближи до оној на западните земји.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ни пари видов, ни пари зедов, но, ете, со тие шејтани не се излегува на крај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа вода го полнеше Чочкин Вир каде се капеа овците пред стрижење, а во него сите селски деца што стигнуваа до него се учеа да пливат во прво време држејќи си го носот стиснат со два прста додека не се излезе на другата страна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На Вилка ѝ навеза ли ново кошулче? — ја праша Доста Бојана со која никаде не се делеше, та дури и на Велја сабота навалија двете еден котел, да приперат нешто ситно од децата и да набелат некоја нова нивна кошула, оти утре треба да се излезе на сретсело, а дал господ, тие двете се „брези магарици" и сите витолишки во нив ќе гледаат, а особено нивните деца: како се облечени и наружани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Инаку како да се објасни и самата помисла да се излезе низ отворен прозорец и тоа од трети кат?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Впрочем и не сум сигурен дали сето ова го размислував или го говорев?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Прозорецот е - за да не се излегува од дома, да се гледа и гледа - надвор, а таму, веранда и бездна голи разгалени стебла есенска гримиорна светлина во одблесок и процес секогаш бледа налик на покојник и лизгава како ползавец и скотна како бубачка, па лазе, подлазува лази буба, лазибуба, апи апи аап...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да се излезе од границите на креветот само во случај на елементарна непогода (а ако е веќе излегување, нека заврши со невраќање).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Всушност, немоќта да се излезе на крај брзо и неповратно со предвидената замена на верувањето што очигледно завршуваше со пораз, со своите видливи последици беше присутна во Атеистичкиот музеј…
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Падна договор, да се излезе вечерта во дискотека „Парк“. Лима ги склопи сите договори.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)