Се успокои, па викна дури и запеа. После спокоен, им дозволи на другите да се изладат во бујната Црна, која беше полноводна и пролетва, како есеноска.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се разбира, треба време зовриеното да се излади, за тогаш да можат да го вкусат овдешните нејаки мисли, за потоа да дојде до целосно општествено провривање.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Стопати на Зоки му е речено дека супата и не смее сосем да се излади, па потоа да се јаде. А Зоки сѐ ќе рече: - Смее!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Како да му кажам дека го слушнав гласот на Никифор Абазовски. „Зар не можеше да почекаш да се изладам во гробот?“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Рибарот се излади. За тоа ли го беше викал бегов?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Па зошто не јадеш? - Така. - Денеска, ах, - рече мајката, - супава нешто многу се излади, нели Зоки? - Не, - рече Зоки.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)