Меѓу жителите на Рајските острови владее поделеност – „Федералистите“ и „сепаратистите“ засега се изедначени.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Откако ќе „поведе со еден спрема нула“, може без проблем да си даде и автогол за резултатот да се изедначи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Страшен збор, кој еднаш изговорен, засекогаш нѐ врзува и нѐ изедначува со сѐ она што сме, го замислиле и што сме го рекле и со кое никогаш не сме ни помислувале да се изедначиме, а всушност, во себе, одамна сме веќе едно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Луда Река цврсто замрзнала, а снегот се трупал и се нанесувал врз мразот, сѐ додека реката и нејзините брегови не се изедначиле со рамнината.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Бесмислено е да се изедначуваат. Но, одговори малиот човек, со тесни усни, зошто тогаш јас кој во сонот присуствував на вашите гадости како (по ваши зборови) измислена, нереална личност, сега се појавувам во реална личност, сега се појавувам во она што го нарекувате вистинска реалност и сведочам против вас.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Меѓутоа, во теоретски поглед тие ниту можеле и ниту сакале да се изедначат со своите учители.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Помеѓу реченицата G и теоремата на Гедел, секако, не може да се стави знак за еднаквост, исто како што не може да се изедначи реченицата на Епименид со забелешката дека „Реченицата на Епименид е парадокс“.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Потоа со дурија ископаа да се изедначи и така ја подготвија леата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Притоа „апсолутот“ може да се изедначи со она „божественото“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Која „реалност“? Вилхелм Ваисхедел ја одредува на трагата на современиот неоплатонизам: „апсолутот во својата трикратна суштина како извор, темел и довршување на нештата и луѓето како и на самото уметничко дело.“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)