По ручекот за час ќе се изделеа две противнички страни и играта почнуваше, за да заврши често дури предвечер.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но кога во 1913-та српските четници ги исклаа повеќето возрасни од Акиноските, и тие, и Акиноските, за да се заштитат некако, се изделија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Народот се развреви и застана, обѕрнувајќи се да види од каде доаѓа пукањето и затоа сандакот со носачите се издели напред, останувајќи сам.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не му беше срам на сред игра да се издели од децата ако ја заушеше негде во дворот невдоапно да ѝ скокне на половината, да ја счепчи со нозете, со едната рака да ѝ ја раскопча блузата ас со другата да ѝ ја извлече едната цицка голема како фуска и веднаш да почне да смука.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)