се (зам.) - издвојува (гл.)

Голем Пат, пак, поправо тој би требало да се вика Широк Пат, наместа достигнува широчина и до десет метра, на северниот крај на срецелото се издвојува од Пазарџиски Пат и тргнувајќи право на запад, минува, од северна страна, помеѓу гумното на Дамчевци Џаџовци и, од јужната, помеѓу северниот ѕид на чифлигот Трпоски и авлиите на Дамчевци Мирчевци, Дамчевци Дамчевци и Бозовци Перуновци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од сртот, од Плоштина, до водата се стигнува по едночудо разгазени патичиња, а од населбата во Потковицата само по едно кое е добро натратено и кое, откако ќе ги прегази Мала Вода и Голема Вода, се издвојуваа од Градишки Пат и низ Деркова Дрма трага право пругоре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само впечатливата, крупна фигура на шумарот се издвојуваше од присутните.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И никој, ни подоцна, многу подоцна, не можел да објасни каква е таа слабост да се чувствуваат намалени и фатени во стапица на несигурност. И со надеж се крстеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина како ќе се однесувавте вие ако оценевте дека ве оцрнуваат и понижуваат, но со некои чудни, дури и ведри бои од кои посебно се издвојуваше онаа во која девојката изразуваше надеж дека нејзиниот прилог во дискусијата всушност е наменет да помогне а никако не да нагрдува и докрајчува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По овој непријатен настан што се одвиваше пред вратата на тоалетот настапи затишје во кое единствено се издвојуваа нервозните чекори на тетка ми која патролираше низ ходникот, веројатно, како што претпоставив, чекајќи ги децата да излезат од тоалет за да исчисти по нив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гасовите во мојот стомак се раздвижија и почнаа прво да татнат, а потоа да цвилат во двоглас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од друга страна, Маргина сепак доби шанса и во тој сплет на амбивалентни чувства околу сѐ што ни се случува, јасно се издвојува чувството на голема благодарност како кон тој фантастичен, долготраен и макотрпен Сорос-проект (кого го демнат милијарда гадни опасности, од кои бирократизирањето е една од најстрашните) така и кон многу конкретни луѓе во македонскиот Сорос центар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Има мигови во кои лудите се издвојуваат од својата не-реалност, и во таа кратка пауза во времето чувствуваат некоја повисока реалност, како некакво претчувство за крајната испреплетеност на судбините кои сочинуваат соѕвездија на Земјата, кои можат да се видат единствено од некоја далечна ѕвезда. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Човечките судбини во Гнездо плетеа чудесни, честопати невидливи мрежи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оти како што вели самиот: „Златна фирма ја раскрчмија, а оние кои не им одговараат ги фрлаат на ѓубриште!“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А овој позитивен пример се издвојува и по навременото координирано дејствие на работниците - тужители кои, кога беа обвинети за предизвикана штета на компанијата, ги пронајдоа сведоците и земаа нивни писмени изјави, пред да помине подолго време во кое може да се манипулираат истите или, пак, да заборават детали за настанот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)