се (зам.) - издаде (гл.)

Кога решението ќе се објави усно, мора да се издаде и написмено, освен ако со закон поинаку е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако решението се обработува механографски, наместо потпис и печат може да содржи факсимил.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Добро, бре Толе. Токо она да не се издаде, како ќе се доварди од толку очи?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одвај се здржував да не се издадам...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можеби и се досетувал за вистинската причина, но никогаш не се издал.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога утредента отидов на училиште, се обидував пред Марина да не се издадам дека знам за нејзината тажна тајна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не може да избега, да не се издаде. Неговото издавање се повторува, некаде поотворено, некаде подзатскриено.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Побарав од Михајло таква наредба да се издаде.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оти околу чаирот има мезра на Мехмед-паша, и како што е редно, за секое место што се дели треба да се издаде хуџет и да се поднесе извештај”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дадоа молба, а Мехмед-паша пак, да му биде височината долготрајна, побара од царската милост да му се издаде света заповед за меѓите од селото Булачани во Скопската нахија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ако ми го кажете името на Вашиот висок наредбодател, можеби ќе го препознаам”.  Есесовецот го погледна со изненадување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Јас немам намера да отстапувам од наредбите. Тие се издадени од високо место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
ЗТПОК од 1993 година го регулира и начинот на кој интерните акции издадени според ЗОК од 1989 година се трансформираат во обични акции. Имено, оние интерни акции кои се издадени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)