се (зам.) - изгасне (гл.)

Се изгасна родот, а друго освен тебе дете немам, не остана надеж.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Како човек, помисли. Како човек. Светнува само за да се изгасне.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Без нив, потребно е само да се спуштат ролетните и да се изгасне светлото, и по извесно време, ве уверувам не подолго од три дена, и најиздржливиот би заборавил колку воопшто време поминало, а не дали сме ден и ноќ, или уште колку има до вечерниот „Дневник“, или до која бројка се доближува дебелата стрелка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Секој, освен можеби месечарите, наполно би се изгубил.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не можеше да се изгасне.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А кога на сред искачување Лествичникот списка дека свеќата во рацете на Филозофот се изгаснала, јас речиси скокнав од радост: за мене не настана темнина, оти околу телото на Филозофот повторно сјаеше оној облак од виолетова светлина, и јас повторно гледав!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Големата глава соласна, се спури зачадена, а многуте очи, од кои пред тоа зрачеше зелена, сина и црвена светлост, се изгаснаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Да ѝ помогнеме? - Ќе го сториме тоа, - се согласив. – Човечецов ќе го качиме на остатоците на Мортенија и ќе го пуштиме да го носи реката.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Треба да се изгасне огнот во сопчето.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)