се (зам.) - извинува (гл.)

После им ја даде кутијата со тутун и почна да се извинува: - Ми се смачи сам да седам.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Се извинувам за мојата неинформираност, знаете, змиите не се во мојот домен на интереси и истражувања. - Аааа ... почнавте елоквентно да се правдате, а?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Смртта е многу присутна во оваа книга и јас се извинувам поради тоа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А, тој се врати после да плаќа. Ми се извинуваше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Секако, не си му дораснат на Јурукот, - рече како да ѝ се извинува и повторно се фати за секирата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Малку топло место ладно предјадење, - се извинуваше Диовецот со престилката, - пред да дојде главното, телешки шницли. Сакате пржени или на скара?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Прифаќам! Се извинувам. Дури сум спремен и да се сложам со тебе дека шегата не е нашиот единствен проблем! Ги имаме и премногу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со лопата да ги ринеш... сакам да му речам на мојот двојник, но молчам и чекорам, осатавам тој да ми се јави откако ќе утврди колку е непријатно кога го игнорираат твоето присуство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со други зборови: комитетот ми дава возможност за една година да се извинувам за неисполнувањето на реформите а после не ќе ги воведам, зашто тие ќе остарат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако гледаме така на трудот и ако искрено сакаме да се оддолжиме пред нашиот народ, тогаш не ќе се извинуваме дека нема почва за културно работење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
МЛАДИЧОТ: (По мала пауза.) Се извинувам, но, кога тргав отаде, ми беше речено со никого да не разговарам за тие работи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се извинувам. Тоа е сосем игра на случајот. Ве нареков Орце затоа што ми сличите на...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Се извинувам. Жалам, господин Христов, но автомобилот не може повеќе да чека. И самите знаете...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Вака прогнат на тврд камен во една пештера меѓу лисици и дождалци немам сили да се извинувам и да извикувам пароли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сеедно, иако не беше потпишано, ракописот го познаваше. Не му се извинуваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Костумот и не е толку битен“, најде за потребно да објасни, но прозвучи како да се извинува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Извинете, ми се пристори дека нешто рековте ама јас бев отскитан! како да ми се извинуваше во негово име она малечко демонче што за прв пат го забележав во неговото подзамижано лево око.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Боже прости ми, таман почнаа да ме облазуваат чуденки и грешни мисли, кога на телефонот стаса нова порака: Се извинувам, пораката летна на грешно место.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Се разбудив по нешто повеќе од еден час од нервозните шепоти во ходникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Чевлите... јас се извинувам... - се обидов да ѝ се извинам на тетка Олга, но таа ме прекина со едно гласно, - Глупости!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Прости ни, чичко Темелко, заборавивме да те поканиме на состанокот“, се извинуваат Војче и Весна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
СИВИЌ: Извинете. САРА: Што се извинувате кога не тропате на врата?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Требаше ли да му се извинувам за потрошеното време со мене, требаше ли да се правдам што не го сакам, требаше ли незнам што сѐ да кажам...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се извинувам“, рече Су со здржан глас, процеден низ некое шубе за што не беше свесна, но сепак продорно, како нешто со секира да пресечува и истовремено нервозно затријувајќи ја чашата што ја миеше во мијалката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Целата уште оросена со капки вода, во бикини, задишана, забришувајќи си го носот со палецот и со показалецот од десната рака, со косата од влага собрана во туфки, расфрлана преку нејзините рамена, Германија му рече: „Еве сум! Се извинувам...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се сети жената и почна да се туфка: се извинува ако згрешила нешто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Им се извинуваат и им ги креваат главите. Се обидуваат да ги оживеат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А јас морам да одам. Каде одат овците, таму и јас! - вели старецот како да се извинува, па со мака станува и се поздравува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)