Кај се тие возила, стопанкина му? (Во која мајчина ќе одите: знаете ли вие каде е Албанија?) Па што ќе правиме сега? (Почекајте да видиме, да се избистри...) Ај, нека се избистри, ја потпира Трајан изврзаната рака на колениците.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А која политика се избистрила, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Значи, овие црни водје ќе истечат, ќе се избистри водата, - му велам на Турчинот и при тоа чуствувам некој радосен подем во градите.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кога погледите ни се избистрија и можеше јасно да се види што се случува на плоштадот, некој од нас извика: – Кози, илјадници кози и луѓе на плоштадот!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Погледот му се избистри и сега можеше да ги види другите двајца како гледаат долу во него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Или заради некој Русин како што произлезе; но сето тоа се разјасни нешто подоцна, кога водите на намерите на Рајна сосема се избистрија. Ти немам кажувано за Руска плажа?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Чудесно ѝ олесна. Ѝ се избистри пред очите: Драган беше добар, многу добар...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)