се (зам.) - идентификува (гл.)

Neue Slowenische Kunst - како уметност- слика- и- прилика на Државата - ја обновува траумата на авангардните движења така што се идентификува со неа во фазата на асимилација во системите на тоталитарните држави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Меѓу нив се шеснаесетте кратки стории низ кои хронолошки е проследен животниот пат на јунакот по кој се препознава и се идентификува Македонија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Род и роднина ми е зговорна дружина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Впрочем, да се идентификува BAD, да се биде секогаш на штрек, го овозможува задоволството човек да се чувствува жив во време кое „врие од разуздана празнина и ѓубре”. Fussell вели дека нештото кое очигледно е лошо не останува лошо за долго, бидејќи некој ќе се сети, и bad ќе се воздигне во BAD, ќе биде фалено насекаде како вредно, како посакувано.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нејзините непријатели, ако воопшто имаше непријатели, немаа начин да се состанат, или дури и да се идентификуваат меѓу себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Пепел“, рече тој. „Дури не е ни пепел што може да се идентификува. Прав. Не постои. Никогаш не постоела.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој се труди да се идентификува со околината која го опкружува, па доколку не најде своја рамка, останува сам како независна планета.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Важно е да се идентификуваш себе си!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Народот не можел да се идентификува само со едната вера.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Исфрлен од светот на затворите и прекршителите на законот, можеби веќе не можеше да се идентификува со гангстерите на крајот од патот, и на сцена да постава драма што ги слави „оние што немаат право“, оние „коишто престанаа да живеат со животот на овој свет“ и влегоа „во авантура како што се влегува во манастир“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Аплаузот е наједноставното и најмногу користеното средство преку кое публиката се идентификува со творците од сцената.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, дури и кога културните предмети се исти, геј- мажите и лезбијките создаваат различен однос кон нив, зашто лезбијките и геј- мажите не им пристапуваат и не се идентификуваат со нив идентично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Студентите, било геј било стрејт, кои пред тоа не се сретнале со токму тие материјали, на тој начин би се „иницирале“ во машката геј- култура – во конкретната смисла дека за првпат би се вовеле во неа и би им се дала можност да ја запознаат, да ја сфатат, да ја искусат и да се идентификуваат со неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш јас несвесно, за своја несреќа, станав обземен од прашањето како можат црните луѓе да се идентификуваат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но овој есеј се обидува да укаже на една уште подлабока последица од ова сакрализирање на библиотеката - имено на фактот дека ние, пред сѐ, се идентификуваме себе си преку оваа сакрализирана културална мемориска банка.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но Мајка беше не само читател кој се идентификуваше со поредокот во семејството, со реалноста во фикцијата, туку таа ја откриваше и смислата на постоењето на ракописот и низ неговата естетска димензија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)