Кога се вади сноп, се земаа по сто снопа од три големини: најголеми, средни и најмали.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кои ќе бидат теоретиците на новото течење, каде тие теоретици ќе ја развиваат својата дејност, каде и каква ќе биде нивната аудиторија, од каде ќе се земаат средствата за пропагирањето на идејата, како ќе проникне таа во народот и како ќе се поддржува во него?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Словените служеле кај Римјаните како робови и гладијатори, а кај тие робови и гладијатори најмногу се повторувал зборот „слав”, затоа тој збор фатил да означува, од една страна, човек што ги работи најтешките работи, т.е. роб, а бидејќи најмногу робови се земале од Словените, тогаш, од друга страна, Словените биле крстени од Римјаните со името „slavi“ коешто тие си го позајмија од нив и го преправија на СЛОВ-Е-НИ, т.е. Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Децата ќе бидат одземани од нивните мајки при раѓањето, како што се земаат јајцата од кокошките.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Откога се кажуваше како точно да се постапи, по колку да се наплатува и како и според кои дефтери, и откога се додаваше дека преку кажаното “да не се зема ни пара, како ни за отворање на бовчите, така ни за “подароци“ за судиите и другите службеници, или за било што друго и повеќе да не ѝ се додева на споменатата раја“, ферманот продолжуваше:
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога времето беше жешко, освен како денешното готвење, што се вршеше на големиот шпорет на гас, храната, што се земаше од визбата или се донесуваше од бавчите, се подготвуваше овде надвор, на терасата и се јадеше на масата што беше обложена со дабово дрво, на која дваесетина луѓе можеа да јадат без да се тискаат.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Ние ќерко се земавме со стројници. И то беше најарно што можеше да се напрај.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Сум ги замижала очите и чекам да почне негде да ме боли, да ми се зема свеста.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И умот ти се земал кога знаеш колку си наблиску со тој што го сакаш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ЈАКОВ: Јас и законот не се земаме сериозно.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Сѐ ни се зема, сѐ ни се отима.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се полнат топовите, се затвораат, се зема далечина, агол. Први-пали! Други, треќи... Повеќај угао за пет, даљина 1 5 0 0 , пали!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)