Наеднаш гласот му станал памучен и топол, скоро приспивен во помирливоста, и тој можел со својот јазик со кој минал преку испукнатоста на горната усна да го собере сиот пелин и јад од човечките срца во едно чинослужење од кое водовриките стануваат златножитни рамнини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Одвај се здржував да не се издадам...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Стоп!... Се сепнувам, се здржувам!... По ѓаволите! За малку!... Не ни бекнав сепак!... Грчовито ја стегав тревата...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Доце Срменков го гледал како ја влече по себе двоколката со торби, кожи и черги и се здржувал да не се прекрсти: човекот со крвави крпи на челото и со белег на сувото лице ќе му личел и со епитрафил на безбожник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)