Кметскиот го снемува. „Малку е слабичок...“ Ке се здебелам, помислува Кочо неволно, и после горко сам си се насмева.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Беше чудно како тој тип луѓе налик на бубалки се намножува во Министерствата: мали набиени луѓе, кои се здебелуваат уште во млади години, со куси нозе, со брзи ситни движења, и со дебели непроѕирни лица и сосем ситни очи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потполно е проѕирна - навистина можете да ги видите сите вени - а и сива е, и црвенкаста...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Како сум граден? Па, многу сум слаб и ако се здебелам сѐ ќе отиде во стомакот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Изгледа Светецот премногу јадел, па се здебелил, и светот го претворил во голем, дебел, меснат задник (впрочем, отсекогаш и бил таков, посебно за успешните луѓе. Ми се гади од нив).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се најдов во внатрешноста Иднина на два обли бели рида. Па, тоа е Земјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се чинеше дека малку се здебелила.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Гласот му се здебели во грлото и тој стана да си оди.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Зборувај, зборувај, ми се здебели јазикот од зборување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Додека водоводните цевки се тресеа под напон, Боге ја замислуваше под тушот како што ја гледаше често: примижана од густиот сноп капки, си ги приподига градите да одмери колку ѝ виснале, поминува по половината да насети дали се здебелила или не, па се удира по задникот со истите раце како да кара дете.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Таа не се појави, а тој не се здебели никогаш повеќе.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Кога стасала за мажење, се здебелила премногу и младичите ја одбегнувале, не наумувал никој да ја земе за жена.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)