Луѓето се збија исплашени сосем до ѕидот и Стојан Пискулиев остана сам на средина, повргнат в прав и скоро прегазен од страшната сила што ги истури својот гнев над него.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но наеднаш сонот му се зби. Му се затресе куќата како земјотрес да му ја сниша, како вулкан да избувна под неа или како да го накрена некој езерото на една страна и сета вода му се истури на куќата со силен тресок.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Светеа како ѕвезди на штичката, и сите исто видовме, и доказ дека тоа чудо се зби е тоа што исто видовме, сите дванаесет души.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)