И црневица се растури накај џадето, Турмата како диво надојдена река, црна, огромна, разофкана и развикана, расплакана и разлелекана - надоаѓа, надоаѓа, се згустува; истечува од горе и дотечува, бучи, завива, вие, тупа, дига облак прав, го наполнува просторот, се влева во ендеците, се втиснува и се растура меѓу камионите, ги опкружува, се збива, се рои, во бранови се фрла, трча, клокоти, врие и вика гласно, болно, продорно, пронижувачки, жаловито, галежливо, тажовито, испрекинато, молбено и шепотливо: - Е-е-е-е-е!!!...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Митре! - молскавично се пресече глас. - Мамооо!!! - Мамооо!! - се развикавме.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во миговите на разведрувања можеше да се види целото пространство, панорамата на реката, трите града, пристаништето, доковите што се збиваат покрај водата... пругата... сите бродови кои заминуваат... кои пак поминуваат малку погоре... зад брдата после полињата... кон морето, после Шатам... Тоа беше единствено чувство...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)