А вистинската љубов е ненадеен пламен, будење на душите, треперење на сетилата, носи спокој и мир во срцата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се заљубуваме и не мислиме на последиците, ја предизвикавме невољата, си играме со ѓаволот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Луѓето се заљубуваат на прв поглед, се убиваат на прв поглед, сите војни — на прв поглед.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Понатаму, што се случува. Се заљубувам во него до уши. Ја губам главата. Никој до сега не сум сакала толку многу.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Јас знаев дека таа девојка лесно се заљубуваше, ама во тој момент не можев да сфатам дека до таму дошла работата.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)