се (зам.) - заштити (гл.)

Да се штити козата, значеше да се заштитат овие неми, немоќни суштества што ги создал Бог и ги испратил, човекот со нивна помош да се заштити себеси.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Двата случаи покажуваат како премисивната игра се оттргнува од контрола и се претвора во насилство.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пермисивноста која ги пречекорува цивилизациските конвенции повеќе го злоупотребува либерализмот отколку што го спроведува, бидејќи во една точка тој ќе мора да се заштити со драстични мерки.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Париз е познат по големата пасија кон кучињата, која е развиена, дури, како во приказните. Кучињата и мачките се заштитени со закон.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Сега ќе разбереме сѐ што ни треба, — му се обрна мудурот на јузбашијата и двајцата почнаа да кројат планови како ќе се заштитат при евентуален напад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аман бег, зошчо е ваа работа? — изусти Куле и ја крена раката над глава да се заштити од камшикот, кој Адем го насочи кон неговата глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да ви се ногу години, ефендилер, — проговори Трајко и со длабок поклон ги поздрави двајцата султанови служители, сиот затресен од возбуда, знаејќи дека не го вика мудурот за добро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во овој период земјите од Европа на меѓународен план склучувале меѓусебни договори едни со други и едни против други, едните да се заштитат од агресија, а другите со заеднички сили да ги остварат своите освојувачки цели.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Германија во 1934 потпишала пакт за ненапаѓање со Полска; во јуни 1935 бил потпишан британско-германски поморски договор; во март 1936 Хитлер ја зазел демилитаризаираната Рајнска област со што договорот од Версај бил поништен; во јули 1936 Германија потпишала договор со Австрија; во ноември 1936 Германија го потпишала Анти-коминтерна пактот со Јапонија кон кој во јануари 1937 год се придружила и Италија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Имаше нешто необично што останало за змијата додека лежеше таму на приквечерната светлина, нешто сугерираше на моќниот маѓепснички човек од примитивните времиња што чувствувал за змиите, гуштерите и рептилите за да се заштити и од злото и да ја повика добрата среќа, нешта што тој ги обликувал во слики од сребро и од злато за да ги носи како амајлии и талисмани, па дури и да ги обожава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На 28. 2. 1870 година, со царски ферман од грчката Патријаршија беше издвоена една посебна верска јурисдикција - бугарската егзархија кон која, за да се заштитат од насилството од грчкото духовништво и за свој автономен духовен и културен развој, многу славјански општини се приклучија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но од тоа немаше потреба, Руса сама изнајде начин како да се заштити и себеси и сите христијани во Потковицата, се прогласи за маѓосничка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога во 1913-та српските четници ги исклаа повеќето возрасни од Акиноските, и тие, и Акиноските, за да се заштитат некако, се изделија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа, за да се заштити и себеси и нив, божемните господари на Потковицата и нивните поколенија во иднина, издаде берат со кој себеси и сите идни султани ги прогласи за мутевилии на Потковицата, а нив, Акиноските, за нејзини вечни стопани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Веднаш ги сврти шесте бројки, но со толкава напнатост и со толку брзање, што не беше сигурна дека тоа е нејзиниот домашен број.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сред сета мешаница, се обиде да се заштити од залутани удари и, не знаејќи ни самата како, се најде во една напуштена канцеларија во која здодевниот звук на еден стар телефон не престануваше да ѕвони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пренесувајќи ја својата порака, секој како силните пајаци, плетел мрежа лавиринт околу себе за да се заштити, спаси! продолжи Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таму требаше да се укопаме сите, за да се заштитиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Топот биеше цикцак, а местото беше незгодно за да се заштитиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Винстон Смит, со брадата спуштена на градите за да се заштити од остриот ветер, се протна брзо низ стаклената врата на Станбената зграда Победа, но сепак недоволно брзо за да спречи еден вител од песочен прав да влезе заедно со него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дубровчанецот небаре тргаше некакви големи пердиња пред неговиот ум, но тие сепак паѓаа тешко, враќајќи се назад удираа по воздухот со прашливото паѓање и го зашеметуваа, терајќи го да замижи, за да се заштити некако.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дали навистина македонските работници се заштитени како мечки во планина или врз нив се врши експлоатација како во раниот капитализам?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сите што го правеа тоа - се заштитија од болеста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во Крапиштето направи колиба колку да се заштити од дожд и ветер и да се замаскира од многубројни езерски птици што тука живееја.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Едниот имал две покривки, па со едната се покрил, а другата му ја дал на својот сопатник, кој немал со што да се заштити од дождот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)