Но, не! Изгледаше како неговата храброст ненадејно да се зацврстува сама од себе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го водеа, сигурно, и необјасниви, мистични пориви кои се зацврстуваа во него за време на цариградските студии кога, покрај правото, ја студираше и источната философија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но со тоа само се зацврстуваше желбата за нивните врски.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Помеѓу нив се протегнуваше невидлива оска и тие се зацврстуваа на двата краја на оската, за да ја зачуваат рамнотежата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На појасот таа имаше пафта, на која од задната страна ѝ се гледаа три плоснати јамки, со кои пафтата се зацврстуваше за коланот: коланот пак беше составен од кружни и четврстести парчиња исшарани со цветови и лисја.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)