се (зам.) - зафати (гл.)

И во други земји на Исток, наши довчерашни пријатели и браќа, врвните раководства се зафатиле со решавање на проблемот со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа полека и потсмевајќи се задивено го прочита писмото, го остави на масата меѓу книгите и пак си се зафати со своја работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се вратиме околу авионот и не знаеме со што да се зафатиме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бахтијар остана замајан од неуспехот. Ги испцу своите бимбашии, јузбашии, милазими и други нему потчинети офицери, та место да тргне утредента да ги гони востаниците, тој се зафати со пренесување на ранетите и закопувањето на истепаните двесте души аскер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, сега кој за каде е? — запраша самиот Ацев во чијшто реон се сметаа. — Костурци — во костурско, — се провикна Циле Кономладски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Умрените овци дедо му ги дереше, а со месото ги хранеше кучињата, но и од самата помисла да се зафати за такво нешто, на Бојан му стануваше лошо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Патеката до изворот, која беше на дваесетина чекори пред колибата, онаму во бавчичето крај потокот, беше завеана како и сѐ друго, па Бојан се зафати да ја исчисти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веројатно имаше нови јагниња, веројатно Снеженка закрепнала, зајакнала, веројатно говедата направиле ѓубре што треба да се изрине, но за сето тоа Бојан одвај наоѓаше сили и да помисли, а камоли да се зафаќа, да проверува и да работи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од каде да почне, со што прво да се зафати?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Штом го стори ова откритие, тој можеше лесно да се зафати со живописот на минатото и, така да се рече, да го преосмисли неговиот историјат во проекција на оваа нова димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така рече, и потем се зафати повторно со препишување на записот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луција требаше да ја осмисли приредбата, од првата до последната точка, и таа со невиден жар се зафати со таа работа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
МАРА: (се присетува). Се зафативме со муабети не си ја допивме ракијава. (Им турува на мажите).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако може, мислев, да се проникне во тој општествен код и ако може успешно да се зафатат тие прашања, исходните пронигби би расветлиле многу аспекти на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нашите надежи се поддржуваа од Бугарија и како да се зафатија да се реализираат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
93. Немајќи во Бугарија почва за национален сепаратизам, Македонците што пребегаа од Белград во Софија, се зафатија со образување на револуционерни организации во Бугарија и во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонците бараат национално обединување помеѓу нив, но притоа сакаат тоа обединување да стане не врз нова почва, не да се зафати одново, зашто таквото обединување ќе бара многу време, а обединувањето беше важно како средство за постигнување политичка слобода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така борбата се зафати против барањето на секое благоразумие.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дојдоа Турците: се зафати борба помеѓу христијанството и муслиманството, борба помеѓу крстот и полумесецот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега во Бугарија е мода да зборуваат дека најголеми непријатели на балканските Словени се: Русите и Австро-Унгарците, кои сакаат на почва на македонското прашање да се зафати и да се продолжи една борба меѓу Србите и Бугарите, која ќе ги ослаби силите и на едните и на другите до таква степен што ќе треба да се набркаат во балканските работи Русија и Австро-Унгарија и првата ќе ги завојува Бугарија и Стамбол, а втората Србија и Солун.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа ние треба да се откажеме од секоја мисла за револуција напролет, уште повеќе што реформите ќе се воведат, зашто со нив е врзана честа на две големи сили што се во состојба да постават сѐ на своето, – и да се зафатиме за нова, т.е. културна борба, во која првото место ќе треба да го заземе прашањето за нашата народност и нашиот национално-религиозен развиток.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
99. Се зафати енергична работа на Сарафов, заедно со комитетите претседателствувани од него.”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да си ја очистиме совеста пред народот наш за дадените од него жртви, треба, значи, да се зафатиме за културна работа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако притоа додадам дека пропагаторите на македонскиот сепаратизам се зафатиле мошне студиозно и со ентузијазам да печатат книги, речници, читанки, историски учебници и граматика на македонски јазик, тогаш можете пореално да ја сфатите опасноста за бугарштината во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најмногу што може да биде тоа е – европска конференција; но таа конференција не може да се зафати порано од пролетта; и тоа тогаш ќе се зафати само ако востанието тогаш биде посилно од сегашното.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мислата за национално обединување на Македонците, иако под маската бугарска, се зафати во 1890 г.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но нашите раководители замижаа пред вистината и востанието се зафати; се зафати славно за да се заврши плачевно и погубно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи делењето е вештачко и од борбата со него најнапред ќе треба да се зафати нашата нова работа во понатамошниот развиток на нашето национално самосознавање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу комитетите тогаш ќе се зафатеше погубна меѓусебна борба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Старецот потоа берел секакви тревки и ги варел, ја терал снаата да пие, и пак ништо не помогало, селаните сепак не виделе дека таа оди како да носи лубеница под ленената кошула и не ќе го виделе тоа ако и другиот тревар, Пандил Димулев, не се зафатил да ја лекува, секогаш по залез и без сведок, со денови и со месеци можеби, па во некое утро застанало момчето пред својот татко и, копајќи со врвот на опинокот пред себе, сцрвено и бушаво од сон, рекло дека може да се почувствува со рака и уште повеќе да се чуе со уво: русокосата женичка носи под градите живот, ќе биде или внук или внучка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред десет години Никола Влашки го женел синот и, кога ни по две години не дочекал внук или внучка, сеедно, ја прашал снаата машко ли е момчето и што се случува ноќе кога таа ќе легне со него, ја задева ли, и ги трие ли со дланки јаболката под кошула, легнува ли врз неа, а таа се срамела, бегала од свекорот, но тој и на нива и в куќа сѐ за исто ја прашувал, додека најпосле, еднаш, не му признала дека момчето е машко, повеќе машко отколку што мислела таа за момчињата кога била девојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога дојде дома, се зафати за работа: во блокчето црташе и често погледнуваше кон пожолтеното листенце што спокојно лежеше врз масата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Каква глупост. (Се зафаќа пак со весниците.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го најде прозорецот и се зафати со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја остави шумата дури кога забележа како меѓу стеблата почнаа да се зафаќаат зеленикавите квечерини.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе може Глигор да се зафати со работа. Овој смрден кауш стоеше надвор од луѓето и светот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во едно друго писмо (ова е напишано од Бугарин) вака ни пишуваат: „Едночудо празноглавци, глупаци и подлеци се зафатиле да посеат раздор меѓу јужните славјани и да им угодат на нашите заеднички непријатели; но нивните напори ќе останат јалови зашто честите и здравомислешти мажи се смеат над исторските шарлатанства на архимандритот Пелагиќ и над „ереминиот плач“ на неодамна починатото многублажено „Право“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Деновиве добивме едно честно писмо од Белград во кое меѓу останатото пишува: „ Јас никогаш не можам да ѝ заблазнувам на личност која се зафатила да критикува луѓе кои не ги познава и од кои никогаш не барала извинување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да, после почнаа сите да раскопачуваат нови ниви. Кога се зафати сета земја во Дрмине и во Батацине, почнаа да се префрлаат кон Задмартинец, Росуље, Лутешки Дол и на други места. Секаде кај што беше посложно и кај што можеше да појде вода. А некои и кај што не можеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нема кај да се зафати конецот, нема на што да запне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си молчи тој, на друго место се загледал, се зафатил. Може со војските, со фронтот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа пак ќе се зафати со јадењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин се зафативме со мебелот. Ја отворивме секоја можна фиока; претпоставувам, знаете дека за добро обучен полициски агент не постои ’тајна’ фиока.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бидејќи е во состојба да ги победи или надмине разликите меѓу столетијата, расите, јазиците или култу­рите, книжевноста треба да се зафати со таа задача.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мудро, како во научни расправи (а авторот на крајот од романот кажува, скромно, само дел од консултираната литература!), се покажуваат тие културолошки и аксиолошки составки на балканскиот менталитет генерално.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потем двата лика се зафаќаат со темелни семантички расправи за културолошките консеквенции од вселувањето и припитомувањето на овие зборови во балканските јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога Омразата заврши, тој се врати во својата преграда, го зеде новоговорниот речник од полицата, го оттурна говорпишувачот настрана, си ги избриша очилата и се зафати за најважната работа тоа утро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Дома е, вели пашо, ама...“ „И жена му му прави кајмачина и кадаиф? Ајде да се зафатиме со работа, бива?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Илко и Богуле зафатија да му фрлаат на Методија дрвја, гранки за да се зафати, да не тоне; но силната вода ги носеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Честите царе, сонце наше сјајно! Го добив твоето свето решение од 30 шевар 959 год. и се зафатив со работа да ги фатам и покорам бунтовниците, но нивните водачи избегаа во големите планини и оттаму ја бунат и понатака рајата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Им пристапија гласници на сите бегови што не беа во Прилеп и Скопје, на тие што беа тука усно им го соопштија денот на тргањето уште пред цел месец и сите се зафатија здраво на работа, бидејќи така им пиша самиот калиф Сулејман.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ова не го потпомага дијалогот кој е потребен за технологијата да стане проблем со кој ќе се бават нашите луѓе, ќе се зафатат со него на еден рефлексивен филозофски начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Доста си го надои девојчето, си го кладе да спие и се зафати и таа со нејзините манџи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гури Порадеци ништо не виде зашто веднаш се зафати со маскирањето на чунот со кој требаше, вечерта, тајно да се врати назад.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од викањето се разбудија и другите селани, дотрчаа со садови, се предаваше водата од рака на рака, се правеа синџири од луѓе и се фрлаше водата; но нејзиното мало количество како да го потсилуваше огнот; некои од луѓето што беа похрабри, потпреа скала на ѕидот од куќата и се искачија на чардакот фрлајќи вода за да не се зафатат одаите и чатијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Овој настан во дворот на мојот сосед беше поводот да се зафатам со темава бидејќи сметав дека доживувањата на мојот сосед се само епизода од случувањата што имав намера да ги изнесам на виделина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Овојпат младиот пријател се зафаќа со феноменот на заминувањето на една и доаѓањето на друга љубов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Затоа и се зафати да го извлекува ременот од панталоните; Оф, секогаш кога сакаше да ме поддржи го правеше тоа на најнесмасен начин!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Соочен со оваа несреќа Ролан Јаковлевич побрза да ја прифати понудата на Трајчеица да се зафати со полнење сода вода и газози, бидејќи покојниот Трајче Кусакатски имаше разработено дуќан за вакви производи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А јас ломотам, ломотам... И кога ќе се зафатиш со зборување може да се случи нишките од основата да ти испопукаат па разбојот ќе ги замрси конците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И самата ќе се засрамиш кога ќе го свртиш погледот кон она што го ткаеш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најпрвин таа почна со претреси по куќите: го собра скриеното оружје, а потоа се зафати со евиденција: колку жители има селото; како се чувствуваат: Срби, Бугари, Грци, Македонци; колку има: слепи, глуви, сакати, неми, мрднати.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И двете брцкаа во калта со рачињата и потоа правеа сплоснати топчиња од кал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Откако на тревата послаа и едно старо чаршафче, се зафатија со работа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога младинецот се зафати да пие, тој му пушти незабележано една струјка вода во вратот, во градите, во испотеното лице.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече се зафати со оваа работа нерадо, со видливо незадоволство што се случи сосема не онака како што му расправаше Беличот во ѕвездната ноќ кога патуваа со железницата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)