се (зам.) - затне (гл.)

Дали би можеле да дојдете отспротива и да го погледнете нашиот кујнски мијалник. Се затна и...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На таквите треба да им се затнат устите!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Тој лом со природата е на страната на жената, а присилната активност на мажот во крајна консеквенца не е ништо друго туку подвоен обид трауматската дупка од тој расцеп одново да се затне.” (Славој Жижек) Антигона, значи, а не фантазмот на библиски пророк, е вистинскиот узор за модерната интелектуалност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се затнале жилите“, вели Јован. „Гледаш“, му велам, „сигурно се затнале.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Народот се стиска и ракоплеска, вели, се затнаа улиците од народ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мочта му се затна, му стана гној и го докутна. Му ја затна и устата да зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)