Мислев дека експлодираа вистински бомби, а тоа биле само бомби солзавци, од кои сѐ се затемни на „Сен Лазар“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Јас дури не ни бев во состојба да забележам сѐ што се случуваше во тој час, но паметам дека, кога се затемни, еден по еден или во мали групи, вревејќи, заминуваа, а јас останав сам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Пак кајмакамот ги повика да се предадат, а овие пак одбија со истиот услов — само на конзул ќе се предадат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Престанаа со пукањето и едните и другите, но Турците, таман се затемни убаво, ја запалија племната од комшијата Стевана и целото куќарче го осветлија, та Шаќир и Јован не можеа да го направат предвидениот препад зад куќата и да го скинат опсадниот обрач.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И, како што често може да се случи, небото се затемнило и плиснал силен дожд.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Но, Вие, кого, според книгите, го сметаат за пророк - Зарем...? ...пророк на апокалипсата, зарем навистина верувате дека небото ќе се затемни?
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
На мајка си, која долго време не стануваше од постела, ѝ велеше: Твојата ѕвезда, мајко, ќе се затемни и ќе се смени во сечко.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)