се (зам.) - затекне (гл.)

Ако еден организам наиде на друг доаѓа до борба и победникот го голта победениот со што ги стекнува сите ресурси кои се затекнале во жртвата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дојде до драстично намалување на забраната за вршење на работа од 1-5 години на само 30 дена(!) за работодавачот кој во рок од две години го повтори прекршочното поведение и кај него се затекне лице кое нема засновано работен однос, а надлежниот инспектор на труд, за овој прекршок поднесува барање за поведување на прекршочна постапка (чл. 39 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Овде ретко кој умее да го прескокне јажето на нацијата и патриотизмот и да се затекне во Доблеста која веќе нема никакво национално или патриотско алиби коешто, ете, во „кризни времиња“, ѝ дозволува да се заборави, то ест да биде употребна доблест на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За која партија ќе гласаа Хунзите Ако случајно се затекнеа во Македонија За време на изборите со оглед на тоа Што во меѓувреме ја примиле исламската вероисповед?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)