се (зам.) - засрами (гл.)

Толе не се пофали оти тој е најарен, но ја кажа правината дека Крсте Попов, иако е во трето одделение, поарно знае од Трајка Јанов и другите од први клас и го викат учителите да им раскажува кога овие не знаат некоја лекција, за да се засрамат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овде невестата се засрами и му вели на дедот Петка: — Дедо Петко', ми се здрвиа нозете од јавање, нека а запре Илко маската да слеза.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И уште оддалеку го позна и се затресе. Се исплаши ли, или се засрами?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Црно ти лафење, отиде десет оки сирење — десет банки, цела франга и повеќе, ама Петруш ја изведе работата мајсторски; човекот се засрами пред луѓето и му го „ариза" сиренцето, а Петруш продолжи да се пазари со свадбарите:
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На кинисување Нешка се засрами да си ја земе китката, ама Тода, како мајстор од занаетот, ѝ намигна со око и ѝ ја покажа, а таа тоа чекаше, ја грабна и ја завитка во ракавот, велејќи и фалејќи ѝ се на Тода со главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Владо, бидејќи не знае тоа да го направи, се труди да го убеди муштеријата дека брадата му е убава и дека нема што да се поправи, но по инсистирање на странецот, принуден е влакно по влакно да му ја дотерува брадата за да не се засрами.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дедо ми малку се вцрви и ми се чинеше дека се засрами заради својата заборавеност.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јасмина се согласи и јас само се засрамив. Така и овојпат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Леле, оној мерцедес - она крукчено напред кога би можел да му го мавнам!“ извикав и веднаш се засрамив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Знам дека се изморивме и се собравме во приземјето кај галантеријата малку да се одмориме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не броев колку пати се искачувавме и трчавме наудолу.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Фурнаџијата Парнаџиев, кога ќе загуби трага на некоја тава од фурната секогаш пронаоѓа прифатливо решение.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И самата ќе се засрамиш кога ќе го свртиш погледот кон она што го ткаеш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Момчето се засрами: Парацелзус е шарлатан или обичен визионер, а тој, натрапник, му влезе низ врата и го натера сега да признае дека неговите познати магиски вештини се јалови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кој беше тој, Јоханес Гризебах, со осквернета рака да ја симне маската и да открие дека зад неа нема никого?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)