Со крвта на младите невини жртви и жртвуваните на другата страна на барикадите се заситуваа други богови под Сонцето!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој се хранеше со духовната храна. Но, тој глад тешко се заситуваше.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)